Руски авиони извршија воздушен напад врз селото Копани во Белорусија, од украинскиот воздушен простор, објави на Фејсбук Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, пренесува Укринформ.
„Денеска во 14:30 часот, Државната гранична служба доби информација дека руски авиони полетале од аеродромот Дубровица (Белорусија), влегле на територијата на Украина, ги прелетале нашите населени области Хородичи и Тумен, а потоа извршиле воздушен напад врз населените областа Копани (Белорусија)“, се вели во извештајот.
„Во моментов 9-тиот граничен одред ја следи окупацијата на оваа населба од страна на непријателот! Ова е провокација! Целта е да се вклучат вооружените сили на Белорусија во војната со Украина! нагласуваат од украинската војска.
Д.М.