• Latest

Прв состанок на Советот за партнерство, трговија и соработка меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство

October 14, 2021
Фото: ЦУК

Според ЦУК, до седум часот утрово активни седум пожари, еден локализиран и еден под контрола

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

„Тие мора да бидат способни да се одбранат“ – Трамп кажа дека САД ќе испратат дополнителни пратки оружје во Украина, критикувајќи го Путин

July 8, 2025

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Прв состанок на Советот за партнерство, трговија и соработка меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство

October 14, 2021 12:08
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со министерката за Европа и Америка на Обединетото Кралство, Венди Мортон денеска во Скопје го одржаа и заеднички копретседаваа со првиот инаугуративен состанок на Советот за партнерство, трговија и соработка меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство.

Двајцата министри овој свечен чин меѓу двете држави, како што соопшти МНР, го окарактеризираа како нова ера во развојот на односите меѓу двете земји кои негуваат долгогодишно партнерство во изминатите 28 години, кое се рефлектира преку силни пријателски односи.

– Отсега натаму, овој Совет ќе ја има улогата на координатор и контролор на работата на двете држави за предизвиците и начините за имплементација на одредбите од Спогодбата за соработка, која ја потпишавме пред само неполна година. Денес ние институционално, административно и технички, не само што обезбедивме континуитет на севкупната билатерална соработка со Обединетото Кралство и после Брегзит, туку слободно можам да кажам дека од денес создаваме и нови потенцијали за бизнисите; потенцијали и за нови странски инвестиции, но и можности за проширување на постоечките бизнис капацитети во земјава, истакна Османи.

Обединетото Кралство, во изминатите десет години прерасна во еден од најзначајните трговски партнери на Северна Македонија, а размената меѓу двете земји веќе одамна ја надмина границата од една милијарда евра на годишно ниво. Минатата година и покрај влијанието на пандемијата, обемот на трговија се зголеми со оваа земја со што Северна Македонија стана нивниот најголем трговски партнер меѓу земјите од Западен Балкан, истакнаа од МНР.

На состанокот беше изразено задоволство и од континуираната успешна соработка во областа на одбраната, а како исклучително значајна е долгогодишната британска поддршка за јакнење на воените капацитети на нашата земја. Беа разменети мислења и за други прашања од заемен интерес, состојбите во регионот и соработката во НАТО, како уште една алка на поврзување и соработка  на двете земји во иднина.

Двајцата министри за време на состанокот го усвоија и потпишаа деловникот за работа на Советот за партнерство, трговија и соработка, а за нешто повеќе од една недела, на 21 октомври, ќе се одржи и првиот состанок на Комитетот за партнерство и трговија, како тело за технички и административен надзор за имплементација на Договорот, со што и формално ќе се заокружи процесот на институционална поставеност меѓу двете земји за идниот развој на севкупните билатерални односи, стои во соопштението.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ