Првата посета на грчки премиер на нашата земја со право ја нарекуваат историска. Ова е прв доказ за де факто признавање на Република Северна Македонија од грчка страна. Огромен е интересот на медиумите за оваа посета.

Домашни и странски екипи од рано изутрина се поставени на платото пред Владата, меѓу кои е забележливо присуството на голем број грчки медиумски екипи.
Церемонијата ќе започне со мало задоцнување, поради доцнење на летот на грчкиот премиер Алексис Ципрас. Член на Редакцијата ЦИВИЛ Медиа е на лице место.
Фотографии: Биљана Јордановска

Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.












