Според првичните резултати кои почнаа да пристигнуваат после еден часот по полоноќ по средноевропско време, од досегашните преброени гласови, републиканскиот кандидат Доналд Трамп води со 105 електорски гласови, пред кандидатката на демократите, Камала Харис, која има освоено 27 електорски гласови.За победа се потребни 270 електорски гласови.
Според интерактивната мапа на избоите на Си-ен-ен, Трамп, засега, води во државите Индијана, Кентаки, Западна Вирџинија, Тенеси, Алабама, Мисисиспи, Мисури, Џорџија, Јужна Каролина, Флорида, Оклахома, Тексас, додека Харис е во водство во сојузните држави Вермонт, Мериленд, Масачусетс, Род Ајленд, Конектикат, Канзас, Илиноис, Пенсилванија, Њу Џерси, Њу Хемпшир, Мичиген.
По добиените првични резултати, важно е да се запамети дека сè уште е рано да се каже на која страна се приклонува оваа претседателска трка.
Кога се пребројуваа гласовите на изборите во 2020 година, се чинеше дека Доналд Трамп води во некои клучни сојузни држави ноќта на изборите, но тие бројки подоцна беа надминати со гласовите за Џо Бајден како стигнуваа гласачки ливчиња по пошта, во голема мера фаворизирани од демократите во тоа време.
Во моментов, неколку држави веќе се повикаа за Трамп. Но, ова би можело да биде уште една таканаречена „црвена фатаморгана“ – а резултатите подоцна може да се префрлат во корист на Камала Харис бидејќи се пребројуваат повеќе гласачки ливчиња.
И поради различните временски зони кои се протегаат низ САД, некои сојузни држави со помали гласови од изборниот колеџ (како Кентаки, на пример, со осум) ќе ги пријават своите резултати порано од државите со поголем број гласови (како Калифорнија, со 54), што би можело да ги преобликува сегашните резултати.
Драган Мишев