Два истражувачки труда за аспекти од процесот на евроинтеграција на земјата ќе промовира денеска Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС).
Текстовите на трудовите насловени „Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската унија“ и „Европската Унија на раб на повраток во Македонија“ се изработени врз основа на истражувањето на јавното мислење за евроинтегративниот процес на Република Македонија спроведена во ноември 2017.
Авторот на првиот труд е Иван Дамјановски, додека вториот труд е резултат на коавторство на Ненад Марковиќ и Зоран Нечев во соработка со Иван Николовски.
По презентација предвидена е и дискусија за истражувачките трудови.
Извор: МИА