• Latest

Презентирани мерките за итни демократски реформи

July 19, 2016

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Презентирани мерките за итни демократски реформи

July 19, 2016 16:08
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

„Предлог документот за итни демократски реформи“, подготвен на иницијатива на 40-тина граѓански организации, беше повод за денешната конференција во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, на која невладиниот сектор ги презентираше своите препораки и предлози за надминување на долгогодишната политичка криза

Претставниците на невладини организации, пред присутните граѓани и претставници на политички партии, ги акцентираа мерките, коишто се услов за квалитетни реформи во сите сфери на функционирање на државата, содржани во документот со предлог мерките за итни демократски промени.

предлог мерки 1

Реформите во ДИК и транспарентен и инклузивен Избирачки список се дел од клучните мерки коишто се вградени во поглавјето „Избори и изборен систем“.

„Покрај ‘Мост’ во оваа област придонесе и ЦИВИЛ. Тоа што може да се констатира е дека заложбата на оваа група организации е да дојдеме до реформи, услови за кредибилни избори, а потоа, да се постави и датумот кога би се одржале тие избори. Во рамки на општите изборни принципи се четири главни поенти: продолжување на реформирање на ДИК, прочистување на Избирачкиот список, оддвојување на државата од политичките партии и  надминување на слабостите на изборниот процес и изборниот систем во целост“, изјави Дарко Алексов од невладината организација „Мост“.

Потребата од реформирање на медиумската сфера е неопходна и итна, затоа што според оценките на граѓанскиот сектор, власта многу успешно ги користи медиумите како алатка во практицирање на својата авторитарна, популистичка политика.

„Граѓаните и натаму добиваат искривена слика за реалноста. Не е доволно јавниот сервис да биде само ‘исплакнат“, треба да има критички однос кон власта, треба комерцијалните медиуми да се ослободат од клиентелистичкиот однос на власта и да се укине политичкото рекламирање за време на избори. Сите јавни институции да бидат отворени за медиумите, а на новинарите да им се гарантира безбедност при извршување на нивните работни задачи“, посочи Снежана Трпевска, од Институтот за комуникациски студии.

Бранимир Јовановиќ, независен финансиски експерт, ангажиран при подготовка на Предлог документот, посочи на огромната нетранспарентност и недисциплина при финансиското работење на власта.

„Предлагаме објавување двонеделни буџетски планови и извештаи за извршување на буџетот, воспоставување контрола врз задолжувањето на Владата, оценка на неисплатените обврски по основ на ДДВ, евалуација на процесот на јавни набавки, на капитални проекти и други дополнителни мерки за подобрување на фискалната транспарентност и доброто владеење“, потенцираше Јовановиќ.

Во рамки на Конференцијата, на тема „Борба против корупцијата“, излагања имаше Данче Даниловска – Бајдевска од Фондацијата Отворено општество – Македонија,  Воислав Стојановски од Хелсиншкиот комитет за човекови права се осврна на мерките во ресорот „Правосудство“, а предлог мерките во „Јавна администрација“ ги презентираше Симонида Кацарска од Институтот за европски политики.

предлог мерки 2

Анализа на работата на Собранието и клучните предлог реформи ги образложи Јован Близнаковски од Институтот за демократија Societas Civilis – Скопје.  На тема „Контрола врз полицијата и агенциите за безбедност и (контра)разузнавање“, предлог мерките ги презентираше Андреја Стојковски од Македонскиот центар за европско образование, додека извршниот директор на оваа невладина организација, Бојан Маричиќ, говореше за реформите и улогата на граѓанското општество.

Лепезата мерки кои се дел од Предлогот за итни демократски реформи е документ, којшто според барањата на граѓанскиот сектор, императивно треба да биде вграден во новата програма на експертската влада. Оваа влада треба биде формирана со обврска да реализира кредибилни избори, услов за излез од актуелната политичка криза, во која тоне Македонија веќе неколку години.

Моника Талеска

Tags: Иницијатива на 40 невладини организацииМОСТНадминување на слабостите на изборниот процес и изборниот систем во целостОдвојување на државата од политичките партииПредлог за итни демократски реформиПродолжување на реформата во ДИКПрочистување на Избирачкиот списокЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ