Александар Чичаковски, Виолета Дума, Игор Милев, Силвана Бонева и Субхи Јакупи се петмината доскорешни членови на Државната изборна комисија кои своите конта ќе ги закитат со апанажа.
Ваквата одлука, денеска, ја донесе собраниската Комисија за избори и именувања, веројатно протната под точката „Разно“, бидејќи како таква не постои на дневен ред во „Дневниот информатор“ на Собранието.
Без апанажа ќе останат Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов и Сашо Срцев бидејќи се враќаат на своите претходни работни места.
М.И.