• Latest

Путин ја тестираше решителноста на Западот во однос на Украина -дали Трамп ќе го принуди нејзиниот колапс?

January 15, 2025
Фото: СДСМ

СДСМ ги објави првите 19 кандидати за градоначалници, Горан Герасимовски во Центар, Александар Трајановски во Аеродром

June 20, 2025
Фото; Скриншот од видео на АлЏезира

Економист: „Балканскиот насилник“ Вучиќ е „на колена“

June 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Британскиот парламент гласаше за „потпомогнато умирање“, отворајќи пат за историска промена на законот

June 20, 2025
УЧЕСНИЦИ ВО ЗЛОСТОРОТ Слепи послушници, како робови на Палевски и еден соучесник, се обвинети за смртта на Вања Ѓорчевска

Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни

June 20, 2025

24 ЧАСА: Смрт на улиците – нема крај на фаталните сообраќајки; Нетанјаху се жали – синот ја откажал свадбата поради ракетните напади; Додик слободно шета низ Русија; Холандија ја призна советската депортација на Кримските Татари како геноцид

June 20, 2025

Апелација им го укина куќниот и им определи ефективен притвор на поранешните директори на Клиниката за онкологија

June 20, 2025

ЕУ: Секоја одлука за изградба на мостови преку реката Ибар мора да се донесе со учество на сите заедници

June 20, 2025

На Мерко му е изречена казна од 10.000 евра за несовесно работење

June 20, 2025

Рокас порача дека ЕП е независна институција во ЕУ со свои правила и затоа не може да коментира за извештајот на Вајц

June 20, 2025
Фото: ДСНС на Одеса

Украинска амбасада: Колку побргу болните умови во Кремљ ја изгубат способноста да ја финансираат војната, толку повеќе животи ќе спасиме во Украина

June 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Путин ја тестираше решителноста на Западот во однос на Украина -дали Трамп ќе го принуди нејзиниот колапс?

January 15, 2025 13:20
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Британскиот воен лидер Винстон Черчил еднаш рекол дека е оптимист, бидејќи нема смисла да биде ништо друго. Годината што претстои во Украина дава основ за дива, можеби намерна, позитивност од Кијив и – барем јавно – во делови од НАТО дека Белата куќа на новоизбраниот Трамп може да изврши значајни, дипломатски промени.

Тие имаат мал избор, бидејќи обемот на американската поддршка ќе одлучи за исходот на оваа војна, а внатрешниот круг на Трамп е далеку од убеден, ако веќе и не се колеба, да го продолжи сегашното, речиси соодветно ниво на поддршка на администрацијата на Бајден. Сепак, досието на Москва за преговори и мир во текот на една деценија војна во Украина треба да биде причина за голема претпазливост, ако не и цинизам.

Кит Келог, специјалниот пратеник за Украина на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, долго време ги истакнува основните начела на мировниот договор на еден оптимист во политичкиот документ што го напиша за тинк-тенк минатиот април. Тие вклучуваат прекин на огнот, Украина да влезе во разговори како услов за понатамошна воена помош и можна демилитаризирана зона, за да се осигура дека сегашните линии на фронтот се замрзнати. Планот во голем дел се потпира на соучесништвото на Москва во ставање крај на војната под услови смислени од Соединетите Држави и не го решава главниот проблем што го оценува – дека Украина има потреба од повеќе оружје од тоа што НАТО може удобно да обезбеди. Сепак, сојузниците на САД ги разгледуваат предлозите на Келог со одредена сериозност, за барем, се чини, да бидат подготвени и способни.

Европски претставник за одбрана изјави за Си-Ен-Ен дека имало „активни дискусии“ за тоа како земјите на НАТО би можеле да распоредат војници да помогнат во демилитаризирана зона, доколку некој стане дел од каков било мировен договор, а тие биле побарани. Западните претставници честпати го повторуваат својот став дека Москва и понатаму не сака да отвори целосен конфликт со самиот НАТО.

Можеби присуството на некои трупи на НАТО долж украинските линии на фронтот би можело да го спречи Кремљ да се обиде бавно да напредува – и покрај договор за прекин на огнот – како што се има обидено претходно. Во понеделникот, претседателот Володомир Зеленски рече дека разговарал за распоредување на „партнерски контигенти“ на војници во Украина со неговиот француски колега, Емануел Макрон. Париз неодамна ја истакна идејата француски војници во Украина да обучуваат, но украинските медиуми отидоа подалеку за да шпекулираат дека ова може да се однесува на зародот на мировни сили на НАТО.

Во неделата, новоизбраниот советник за национална безбеднот на Трамп, американскиот претставник Мајк Волц, коментираше за Еј-Би-Си Њуз за војната во Украина: „Сите знаат дека ова мора да заврши некако дипломатски“. Неговите коментари ги искористи рускиот министер за надворешни работи, Сегеј Лавров, во вторникот, кој рече дека тоа значи дека тимот на Трамп се осврнува на „реалноста на терен“, пренесе Ројтерс.

Трамп ќе наследи НАТО алијанса за која изрази скептицизам и каде што единството на пораката за поддршка на Украина почнува да се распаѓа. Додека германскиот канцелар Олаф Шолц ја прекина повеќемесечната диплматска изолација на рускиот претседател Владимир Путин со телефонски повик во ноември, најисточните членки на НАТО се мошне свесни за заканата од Кремљ охрабрен со делумно придржуваните прекини на огнот и остануваат фокусирани на трајниот пораз на Москва како најдобриот начин да се гарантира европската безбедност.

Каја Калас, поранешната естониска премиерка и сега висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, изјави за Си-Ен-Ен од Рим дека верува дека Украина сé уште може да победи со вистинска помош.

„Влогот за европската безбедност е исклучително голем“, рече таа. „Обемот на хибридни напади во Европа веќе се зголеми и поразот на Украина би нé чинел далеку повеќе од помошта.

„Путин покажа целосно непочитување на меѓународното право и не може да му се верува. Без веродостојни безбедносни гаранции, секој договор за прекин на огнот веројатно ќе пропадне. Русија едноставно повторно ќе се вооружи и повторно ќе нападне“. Лош мировен договор „само ќе доведе до повеќе војна, исто како и претходно“, додаде таа. „Мора да учиме од минатото и да се осигураме дека секој иден договор е одржлив“.

Неисправен процес

Претходните ветувања на Русија за мир во Украина се карактеризираат со измама, сугерирајќи дека прекинот на огнот може да биде само на зборови. Во првичната инвазија во 2014 година, Крим беше заземен од мала сила на „зелени луѓе“ кои ги совладаа украинските бази на полуостровот додека негираа дека се руска војска. (Путин подоцна призна дека биле).

„Востанијата“ предводени од платеници кои зазедоа делови од регионот Донбас во следните месеци беа, исто така, неубедлива кулиса за анексијата на Москва. Русија често ентузијастично ги следеше своите воени цели додека зборуваше за мир, а во февруари 2015 година го заврши своето напредување во стратешкиот град Дебалцево, токму среде мировните разговори во Минск, конечно заземајќи го градот во текот на првите деноци од прекинот на огнот.

Тие кои беа таму, се сеќаваат на еден неисправен процес. Александар Хуг, кој ја водеше мониторинг мисијата на ОБСЕ на терен, која ги надгледуваше прекините на огнот од 2014-15 година, изјави за Си-Ен-Ен: „Ниту еден прекин на огнот не е совршен. Прекршувања неизбежно ќе се случат. Клучното прашање е што предвидува договорот во однос на санкциите и корективните мерки“. Тој рече дека ако било која од страните се извлече од тоа, „имате отворена покана за повеќе од истото“.

То додаде, „Состојбите тогаш и сега не се исти“, но дека „клучните лекции извлечени пред 10 години остануваат важечки и денес“.

Наративот на Москва, исто така, драстично се промени во текот на изминатата деценија, како и нејзината стапка на жртви. Во 2014 година, Путин често се преправаше дека нема никаква контрола врз „сеператистичките востанија“, а руската војска претрпе релативно мали загуби за значителни територијални придобивки. Како што војната влегува во својата четврта година, западните официјални претставници оценуваат дека зголемените придобивки на Русија долж линијата на фронтот додаваат дури 1.500 смртни случаи и повредени дневно, а бројот на жртви се приближува до 700.000 за војната, спред министерството за одбрана на Обединетото Кралство.

Кремљ, исто така, ја означи војната како егзистенцијална битка против целото НАТО – можеби за да се оправдаат своите неуспешни перфоманси. Од друга страна, НАТО сé уште нема да ангажира трупи во конфликтот воопшто, само неговата помалку посакувана опрема. Оваа нерамнотежа во тоа како се перципира конфликтот ќе ја искриви преговарачкта маса. Русија едноставно има поголем влог од НАТО. И може да му отежне на Путин да прифати помали отстапки од Кијив на разговорите и наместо тоа да бара поголеми придобивки.

Брзо согорување на животи

Постојат надежи непредвидливоста на Трамп и очигледната желба да избегне да види за време на неговиот мандат повторен срам за САД  споредлив со повлекувањето од Кабул, да го решат да види како Путин не успева. Но, тоа ќе бара новоизбраниот претседател да промени две клучни константи во неговото однесување: желба јавно да не го вознемири шефот на Кремљ и да ја намали вмешаноста на Соединетите Држави во надворешните конфликти.

Кијив и други членки на НАТО сакаат да ја евоцираат идејата за „мир преку сила“. Но, поголемиот ризик на оваа година е бавниот, дури и мачен, дипломатски процес за време на кој несовршеното придржување кон прекинот на огнот од страна на Путин и веројатно континуираните помали територијални придобивки, ги оставаат сојузниците на Украина поделени и неспособни да одлучат кое ниво на прекршување би заслужило целосно вклучување на НАТО во одмазда.

Како и во 2014 година, дали влегувате во војна поради Крим или Дебалцево? Ако НАТО или европски трупи се распоредат долж демилитаризирана зона, кое ниво на прекршување или жртви меѓу нив би заслужило НАТО одмазда против друга нуклеарна сила? Дали Белата куќа на Трамп би се сложила со своите европски сојузници?

И кога единството на НАТО и интензитетот на поддршка за Кијив ќе почнат да пропаѓаат, а европските влади ќе почнат да се менуваат, може ќе биде тешко повторно да се поттикат. Путин го знае ова и веќе има играно на таа карта. Но, дури сега има таков очигледен симпатизер во Белата куќа како Доналд Трамп.

Времето можеби не е целосно на страната на Путин, со оглед на брзото согорување на руските животи, финансиските резерви и економијата која жестоко прегрева од бонусите за пријавување во војската и исплатите за смртни случаи. Но, оваа година, шефот на Кремљ ќе ја види едната константа што предизвика часовникот да отчукува најгласно во Москва – обединетата поддршка на НАТО за Украина – да се претвора во бавна, дарежлива дипломатија што ја искористи во 2014 година. Тоа, во комбинација со руската брутална и бавна истрајност на бојното поле, може да биде доволно за да го придвижи кон победата што му е потребна.

извор: Си-ен-ен

Превод: Н. Цветковска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    227 shares
    Share 91 Tweet 57
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Хил: САД повеќе нема да интервенираат како досега, Косово и Србија треба сами да ги решат своите проблеми

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ