• Latest
Photo: EPA

Путин може со години да остане на власт, но неговата легенда е мртва

November 12, 2022
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Путин може со години да остане на власт, но неговата легенда е мртва

November 12, 2022 17:31
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Photo: EPA

Photo: EPA

Share on FacebookShare on Twitter

И покрај некои шпекулации за руската загуба на окупираната област Херсон во Украина, сè уште е рано да се предвиди кога и како претседателот Владимир Путин ќе ја предаде власта – дали тоа ќе биде преку соборување или пензионирање, или едноставно ќе почине на функцијата.

Сепак, веќе можеме да видиме некои процеси кои би можеле да го обликуваат и поттикнат неговото заминување. Освен тоа, дури и да остане на власт, Путин никогаш нема да го исполни имиџот што го создаде за себе, пишува за Си-Ен-Ен Марк Галеоти, почесен професор на Универзитетскиот колеџ во Лондон и автор на неколку книги за руската историја.

Одамна е познато дека Путин страда од проблеми со грбот

Особено во првите месеци од војната многу се шпекулираше за неговото здравје. Се тврдеше дека има сè, од рак до Паркинсонова болест. Голем дел од шпекулациите стивнаа, особено откако се чини дека Путин се ослободи од надуениот изглед и чудните грчеви за кои се сметаше дека се доказ за болест.

Не беше изненадувачки што привлече толкав интерес, нудејќи нешто како „деус екс машина“ за западните влади желни за брзо решавање на конфликтот.

Сепак, според американските разузнавачи кои го проучувале ова прашање, додека Путин можеби имал тековни здравствени проблеми – одамна е познато дека тој страда од проблеми со грбот, па дури и може да страда од состојба која го загрозува неговиот имунолошки систем, што ги објаснува екстремните мерки за заштита од коронавирус – нема знаци дека нешто може да доведе до негова непосредна смрт или трајна онеспособеност.

Нема преголеми шанси за државен удар во Русија

Сепак, тој има 70 години и неговото здравје навистина стана егзистенцијално прашање за системот. На крајот на краиштата, иако рускиот Устав предвидува што ќе се случи ако Путин почине на функцијата – премиерот стапува на должност времен претседател до одржување на предвремените избори – нема одредба во случај тој да биде трајно онеспособен, ниту пак постои потпретседател кој би можел да го замени.

Токму таква политичка криза може да генерира конфликти во елитата и би можела да го урне овој режим.

Всушност, засега шансите за државен удар се едвај поголеми од оние Путин да биде соборен со протести на улиците. Бројни безбедносни сили се одржуваат меѓусебно во рамнотежа. На пример, во Москва има воен гарнизон, специјална дивизија на Националната гарда и полкот на Кремљ, сите подредени на различни синџири на команда. Федералната служба за безбедност ги надгледува сите три единици, а Федералната служба за заштита ја надгледува Службата за безбедност.

Се чини дека е тешко да се собори сè додека Путин може да ги контролира шефовите на овие таканаречени „министерства на моќ“ и тие управуваат со лојалноста на нивните услуги. Сепак, иако се чини дека тој има цврста контрола, неговиот систем станува сè покревок, губејќи ресурси кои во минатото обезбедувале соодветен одговор на неочекуваните предизвици.

Станува збор за финансиски средства. Како што санкциите стануваат построги, а трошоците за војната ескалираат, пари има се помалку. Речиси една третина од буџетот за 2023 година (повеќе од девет трилиони од вкупно 29 трилиони рубљи) ќе се употреби за одбрана и безбедност. Тоа остава пропорционално помалку за поддршка на регионалните буџети и одржување на клучните индустрии.

Националната гарда е десеткувана од борбите во Украина

Но, тоа значи и ослабен легитимитет и добра волја на безбедносните служби и локалните елити. Рејтингот на Путин отсекогаш бил вештачки висок, имајќи предвид дека тој нема силна опозиција со која би се натпреварувал, но сепак се намалува.

Националната гарда, клучна сила задолжена да ги контролира уличните протести, е десеткувана во борбите во Украина. Припадниците на Националната гарда се исто така бесни поради тоа што се користат како топовско месо во војна за која славната интервенстна полиција не била ниту обучена, ниту опремена.

Иако негодувањето во елитата е внимателно премолчено, тоа е очигледно. Исто како што направи за време на пандемијата на Ковид-19, Путин тешката и непопуларна работа за собирање „волонтерски баталјони“ и одржување на воената економија ја префрла на неговите регионални градоначалници и гувернери. Додека некои, како гувернерот на Санкт Петербург Александар Беглов, го искористија ова како можност да му се заблагодарат на Путин, многу други се тивко згрозени.

Сето ова дополнително го отежнува предвидувањето за иднината на Путин и неговиот режим. Дури и кревките и стагнирачки режими можат да се одржат долго време. Царска Русија веројатно била мртва уште во 1911 година, кога реформистичкиот премиер Петер Столипин бил убиен, но сепак издржала три години катастрофа од Првата светска војна пред да се распадне во 1917 година.

Земјата на Путин е многу помалку способна да се справи со неочекувани кризи

Меѓутоа, тоа значи дека државата на Путин е многу помалку способна да се справи со неочекувани кризи, кои тешко се предвидуваат, а сепак во крајна линија се неизбежни. Тоа може да биде од општ пораз во Украина до каскаден регионален економски колапс, одбивање на безбедносните сили да ги задушат протестите на улиците или сериозна болест на Путин.

Во тие околности, како и во март 1917 година (февруари според стариот руски календар), можеби врховниот командант ќе се најде соочен со неговите високи генерали и политичари и ќе биде принуден да се повлече за доброто на татковината.

Во моментов изгледа тешко да се замисли такво сценарио, но руската елита, политичка и воена, не ја сочинуваат „путинисти“, туку безмилосни опортунисти. Тие го поддржаа Путин затоа што тоа беше во нивен интерес. Тие и понатаму остануваат лојални бидејќи ризиците од конфронтација засега изгледаат многу поголеми. Меѓутоа, ако почнат да веруваат дека тој е ранлив, веројатно брзо ќе се дистанцираат од него. Никој не сака да биде последниот лојалист на пропаднатиот режим.

Што и да се случи, соништата на Путин за воспоставување на Русија како голема сила врз основа на нејзината воена сила се завршени, како и неговите амбиции да обезбеди наследство како еден од големите државотворци на нацијата. Неговата воена машина е расипана и скршена; економијата на неговата земја има многу лузни што ќе бидат потребни години да се опорави; уништена е неговата репутацијата на геополитички ум. Човекот Путин можеби уште години ќе се одржи на власт, но легендата Путин е мртов.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ