Третата рунда разговори меѓу украинската и руската делегација би се одржала овој викенд, му кажал рускиот претседател Владимир Путин зво телефонски разговор на германскиот канцелар Олаф Шолц, соопшува прес службата на германската влада.
Во едночасовниот разговор, дввајцата размениле различни гледишта на ситуацијата во Украина . Канцеларот ја изразил својата длабока загриженост за лошите слики и информации кои со денови доаѓаат од Украина. Тој го повика руското раководство веднаш да ги прекине сите борби и да дозволи хуманитарен пристап до спорните области погодени од војната.
„Претседателот Путин го информираше канцеларот дека Русија и Украина планираат трета рунда разговори овој викенд“, се вели во соопштението.
Германската влада додаде дека Шолц и Путин се договориле да одржат дополнителни разговори во блиска иднина.
Д.М.