• Latest

Работилница: Најтешко се добива одговор како се трошат јавните пари

May 16, 2022
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

„Тие мора да бидат способни да се одбранат“ – Трамп кажа дека САД ќе испратат дополнителни пратки оружје во Украина, критикувајќи го Путин

July 8, 2025

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Работилница: Најтешко се добива одговор како се трошат јавните пари

May 16, 2022 15:16
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Иако се подобрува пристапот до информациите од јавен карактер, локалните институции остануваат прв проблем. Најчесто се избегнува одговорот каде и како се трошат јавните пари, беше речено на едукативната работилница во Прилеп што ја организира Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, пренесува МИА.

Според Пламенка Бојчева, директорка на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер најголеми баратели се невладините организации, а најмалку граѓаните кои, според анкетите, не си ги знаат доволно правата.

Анкетите досега покажаа дека граѓаните не го знаат правото за пристап до информациите од јавен карактер. Најчесто бараат информации за нивни лични предмети кои се водат пред институциите. Апелираме до граѓаните своите права да си ги бараат со материјалните закони кои ја регулираат соодветната материја. Сметаме дека така ќе се постигнат подобри резултати. Целта на денешнава средба со граѓаните во Прилеп е да ги запознаеме со нивното право за пристап до информациите од јавен карактер, изјави Бојческа.

Рокот за да се добие информација од јавен карактер е веднаш или до 20 дена. Лани Агенцијата повела 342 прекршочни постапки.

-Агенцијата сериозно ги сфаќа прекршочните одредби во Законот за пристап до информациите од јавен карактер. Само за пример, минатата година спроведовме 342 прекршочни постапки за службени лица кои го ограничуваат правото  до информациите од јавен карактер. Меѓу прекршителите се кокални самоуправи, општините Охрид и Струга, во делот на животната средина, здравствени иснтитуции кои, пак, поради корона ситуацијата беа позатворени. За службените лица казната е 250 евра, а за одговорните 500 евра, вели Бојческа.

Весна Шапкоски од невладината „Станица П.Е.Т.“ од Прилеп вели дека никогаш не добиле информација „од прво“, а најтешко се доаѓа до информацијата како се трошат јавните пари.

-Како локална организација, годишно имаме 50-тина барања до пристап на информации од јавен карактер, од кои најголемиот дел се до локални институции. на локално ниво е потежок пристапот до информации од јавен карактер, податоците полесно се добиваат кај централните институции. кај локалните институции чест е одговорот дека тие немаат такви подтоци какви што бараме. А кога ќе почнеме усно да с еобјаснуваме, произлегува дека тие всушност го имаат податокот. најтешко им е да го дадат одговорот за трошењето на јавните пари. Генерално, на локалните институции им треба подобро запознавање со процесот на давање информации од јавен карактер. генерално, никогаш на прво не сме ги добиле информациите, или треба дополнително да објаснеме кој податок ни е потребен, или рокот се пречекорува, па со жалба до Агенцијата им е наложено да ги дадат податоците. Граѓаните се жалаат на недостапност на информации, пред сѐ, со трошењето на јавните пари, смета Шапкоски.

Годишно се поднесуваат 5 000 до 6 000 барања.

Според Герман Филков од Центарот за комуникации, за да се стигне до информацијата треба упорност и граѓаните да се охрабрат.

-Како баратели на информации, поднесуваме околу 1000 барања годишно. Искуството е различно, од институција до институција. Генерално, институциите стануваат поотворени кон барањата за слободен пристап,  но морам да кажам дека поотворени се кон невладиниот сектор, а позатворени кон медиумите и граѓаните, веројатно станува збор за некоја навика или практика. Имаме институции кои одговараат за ден-два, а други го чекаат последниот рок од 20 дена, а има и кои не одговараат и по 60 дена. Затоа вложуваме жалби во Агенцијата за слободен пристап до информациите. Според нашето искуство, кога ќе се поднесе барање, да се контактира институцијата, да не се чека на нивната „добра волја“ за ако сакаме сигурно да ја добиеме информацијата. Ги охрабрувам граѓаните да бараат информации, зашто треба да запаметиме дека тие информации се наши, граѓаните се сопственици на јавните информации, изјави Филков.

Работилницата се одржа во рамки на ИПА2 проектот „Транспаретност и отчетност на јавната администрација“, финансиран од ЕУ.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ