• Latest

Работниците бараат правна помош најмногу за неисплатени плати и откази

March 27, 2021

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025

Во Црна Гора уапсени осум лица поради насилство и поттикнување национална и верска омраза

October 29, 2025
Совет за безбедност на ОН

Во ОН ќе се дискутира за ситуацијата во Босна и Херцеговина, Додик очекува поддршка од Русија

October 29, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Директорот и управителот на „Комунална хигиена“ добија 30 дена притвор

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Работниците бараат правна помош најмногу за неисплатени плати и откази

March 27, 2021 12:44
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Намалени или неисплатени плати, откази и трансформирање на работниот однос од неопределено на определено време, се дел од работите поради кои работниците побарале правна помош и заштита во текот на минатата година. До Сојузот на синдикати на Македонија, кој има служба за бесплатна правна заштита за правата од работен однос, пристигнале голем број поплаки за неисплатени плати, иако за тоа биле обезбедени финансиски средства од страна на Владата, како дел од антикризните пакети за излез од кризата што ја предизвика пандемијата на Ковид-19.

Имало и случаи во кои работниците биле праќани дома и им била намалена платата со образложение дека нема работа поради пандемијата, а бројни обраќања пристигнале и за непочитување на правото на платено отсуство на хронично болните работници, бремените жени и родителите со деца до 10 години.

– Карактеристично беше упатувањето на работниците дома со образложение на работодавачите дека нема работа заради здравствената криза или дека нема услови истата да се организира според државните протоколи. Притоа на овие работници им беше намалена платата и не се почитуваа уредбите на Владата за право на платено отсуство. ССМ за ваквата појава во соработка со Државниот инспекторат за труд навремено интервенираше и со тоа кај таквите несовесни работодавачи беа спроведувани инспекциски контроли и беа задолжувани да ја исплаќаат платата на работниците утврдена согласно договорите за вработување, велат од ССМ во изјава за МИА.

Отказите се исто така значаен дел или околу 40 проценти од обраќањата до ССМ се по овој основ. Евидентирани се откази во чевларската и металната индустрија и во угостителството.

Забележани се и откази на договорите за работа на претседатели на синдикални организации, што, според ССМ, директно влијае врз сузбивањето на синдикалното организирање.

– Преземени се сите активности за нивна заштита, во тек се и судски постапки во врска со незаконитото постапување кон синдикалните претставници, затоа што тоа дирекно влијае на сузбивање на синдикалното организирање и делување, а во два случаи, Државниот трудов инспекторат и Судот ги врати на работа синдикалните претставници, посочуваат од ССМ.

Синдикатот нагласува дека дел од обраќањата се однесуваат и на тоа дека работодавачите неосновано го трансформирале работниот однос од неопределено на определено време, а имало и случаи во кои се вршеле притисоци врз работниците да потпишат спогодбен претстанок на работниот однос.

Дваесет проценти од пријавите што стигнале до синдикатот се однесуваат на случаи во кои работниците биле праќани на годишен или принуден одмор без решенија или предвреме им биле раскинати договорите за работа на дело.

– Голем е бројот на анонимните јавувања најчесто по електронски пат за правата од работен однос на кои претставниците на ССМ одговараат телефонски или по меил со совет и упатување за начинот и постапката за остварување на правата. Ова е и главната причина за ССМ да ја реорганизира својата работа и да стане подостапен за работниците преку отварање на посебна телефонска линија и посебна имеил адреса на која работниците ќе можат да побараат правна заштита и да пријават прекршување на работничките права, за што веќе започнавме и кампања, велат од ССМ за МИА.

Синдикалното организирање како предност во правната заштита на правата од работен однос

Она што е карактеристично е дека голем дел од обраќањата се од работници кои не се синдикално организирани, што ја отежнува работата на синдикатот во врска со нивната заштита.

Ваквата ситуација го потврдува ставот на синдикатот дека од особено значење е работниците да се синдикално организирани за да можат да бидат целосно информирани, оспособени и вклучени во постапките за препознавање на работничките права. Синдикалното членство, велат од ССМ, најдиректно и најнепосредно обезбедува заштита на правата на работниците.

– Со започнување на здравствената криза во државата поради корона вирусот, ССМ и синдикатите во состав на ССМ ја реорганизираа својата работа согласно препораките на Владата. Сите служби, вклучително и правната заштита, се одвиваа телефонски и преку меил комуникација. Во исклучителни случаи организиравме средби со работници кои се обратиле до ССМ, при што средбите се организирани со доследно почитување на препораките и уредбите донесени од Владата на државата. Компаниите од кои работниците се обратиле до ССМ имаат повеќе од 80.000 вработени, а со тоа директно или индиректно сме обезбедиле правна заштита за сите нив, истакнува ССМ.

За поедноставен пристап до бесплатната правна помош отворена е телефонска линија и меил адреса. Работниците можат да ги пријават прекршувањата на правата од работен однос на телефонскиот број 070/818-878 или на мејлот prijavi@ssm.org.mk.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ