• Latest
Фото: Принтскрин МИА

Работниците на 2 април излегуваат на протест

March 29, 2025
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Работниците на 2 април излегуваат на протест

ССМ излегува на улица на 2-ри април, онака како што ветивме пред еден месец. Часот кога ќе почне јавната седница на органите и телата на ССМ, вклучително и синдикатите здружени во ССМ, е 12:05, имајќи во предвид дека 5 до 12 одамна помина, а 12 часот помина тогаш, кога Владата одлучи еднострано да усвојува информација, и со информација да утврдува износ на минимална плата на штета на работниците во Македонија, рече Трендафилиов.

March 29, 2025 09:40
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Фото: Принтскрин МИА

Фото: Принтскрин МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Сојузот за синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов вчера на прес-конференција најави дека на 2 април ќе одржат протест на улиците во Скопје. Ова доаѓа откако во вторникот Владата ја усвои информацијата дека минималната плата ќе се зголеми за 1.800 денари во нето износ, а според ССМ, одлуката е незаконска.

-ССМ излегува на улица на 2-ри април, онака како што ветивме пред еден месец. Часот кога ќе почне јавната седница на органите и телата на ССМ, вклучително и синдикатите здружени во ССМ, е 12:05, имајќи во предвид дека 5 до 12 одамна помина, а 12 часот помина тогаш, кога Владата одлучи еднострано да усвојува информација, и со информација да утврдува износ на минимална плата на штета на работниците во Македонија, не прифаќајќи ги нивните предлози за утврдување на висината на износот на минималната плата, рече Трендафилов.

Тој напомена дека до сега, ниту со поголемиот дел од гранските синдикати здружени во ССМ не се преговара, не се разговара за висините на платите на вработените во јавниот сектор, онака како што е предвидено во општиот колективен договор.

-Не се преговара и не се разговара за висините на платите на вработените во јавниот сектор, онака како што е предвидено во општиот колективен договор, а тоа е да добиеме функционерски плати, просечна плата по коефициент на сложеност или зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 12,6 проценти во нето, или 12, 9 проценти во бруто, додаде Трендафилов.

Тој обвини дека од последната прес-конференција се засилиле нападите кон синдикатите здружени во ССМ и кон Сојузот на синдикатите на Македонија од политичка партија.

-Се засилија нападите како од политичка партија така и од политички поставени директори кои примаат плата од нашите плати, кои ги плаќаме како даноци во државата, не ги плаќаме за да ги минираат процесите за да ги намалуваат платите и за да не ги остваруваат барањата и заложбите на работниците, не ги плаќаме за жестоко да се борат со закани, со уцени за отказ од работни места, за намалување на плата, за суспендирање на наши синдикални активисти, со една цел да направат друг Синдикат репрезентативен на штета на работниците, додаде Трендафилов.

Како што информираше, денеска почнала со работа Комисијата за утврдување на репрезентативност, и посочи дека само Сојузот на синдикатите на Македонија бара утврдување на репрезентативност на ниво на територија, ниту еден друг синдикат нема поднесено барање.

-Само Сојузот на синдикатите на Македонија бара утврдување на репрезентативност на ниво на територија, со што ќе се овозможи негово учество во економско социјалниот совет, во Комисијата за утврдување за репрезентативност како и во други трипартитни социјални партнерства, органи и тела на државата, вклучително и барање за утврдување на репрезентативност во јавниот и приватниот сектор и ниту еден друг синдикат ја нема ниту бројката, ниту има поднесено барање, а жестоко се борат против ССМ за да не ја добие репрезентативноста, со која уште погласно ќе ги кажува барањата на работниците, посочи Трендафилов.

Тој потсети дека на последната прес-конференција го кажале своето барање до последниот работен ден во месец март да седнат и да разговараат на заедничка маса за одредување на висината на минималната плата, онака како што е предвидено во законот.

-Ние како Сојуз на синдикати на Македонија пред еден месец на прес-конференција најавивме до последниот работен ден во месец март да бидеме испочитувани на начин како што доликува во демократско општество и во демократските земји, да седнеме на заедничка маса, да разговараме за висината на минималната плата онака како што е предвидено во законот, а предупредувавме на можностите, како и на опасностите за објавувањето и на минималната плата која сака да ја објави Владата, и покрај тоа што не бевме слушнати. Слушнавме дека Владата усвоила информации и за првпат од донесувањето на Законот за минимална плата во 2012 година, еднострано одлучува за судбината на работниците, без во тоа да бидат вклучени ниту синдикатите, односно, ниту работниците, ниту работодавачите кои можеби имале друго мислење, рече Трендафилов.

Тој додаде дека ставот 5 од Законот од член 4 на Законот за минимална плата вели „Министерот за труд и социјална политика, по претходно мислење на Економско социјалниот совет ќе ја објавува висина на минималната бруто плата, усогласена согласно ставот 1“.

-Бидејќи пратениците си земаа две недели годишен одмор, не се одважија да го сменат Законот и да утврдат износ на минимална плата која ќе биде 30 илјади денари и потоа ќе се зголемат сите останати плати со она што ние го предлагавме во трите чекори, утре можеме да се доведеме во ситуација работници да бидат принудени од газдите во приватниот сектор да враќаат паричен износ колку што ќе изнесува минималната плата, а би била незаконски објавена во Службен весник, рече Трендафилов.

Фото: Принтскрин МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ