Поранешните работници на „Охис“ денеска повторно излегоа на улиците во Скопје каде бараат да им се исплатат 24 заостанати плати, обврска уште од 2008, 2012 и 2013 година.
„Охис“ на работниците им должи 24 плати, 8 плати од 2008 година и 16 плати од 2012 и 2013 година. Според нив, работата само се одолговлекува, но сепак се надеваат дека парите ќе им бидат исплатени.
Протестот започнува пред зградата на ССМ, движејќи се низ улиците на Скопје стигнуваат до Владата, која е нивната главна дестинација, од каде бараат некое решение за да им се исплатат заработените пари.
А. Петровска