Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ ја прифатил поканата на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го посети Киев, соопштија вчера од кабинетот на премиерот, пишува црногорски „Вијести“.
Зеленски во четвртокот, во телефонскиот разговор го поканил Абазовиќ да го посети Киев.
„Како што најави, Абазовиќ ќе ја покрене идејата за заедничка посета на Киев на премиерите од Западен Балкан, особено од земјите на НАТО во регионот, со цел да се испрати посилна и поуникатна порака за поддршка на суверенитетот и интегритетот на Украина“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот.
Според „Вијести“, премиерите на Албанија и на Северна Македонија, Еди Рама и Димитар Ковачевски, ја прифатиле идејата на Абазовиќ и останува да се договори датум.
Абазовиќ, во разговор со Зеленски, посочил дека Црна Гора од самиот почеток давала отворена поддршка за независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.
Тој нагласи дека европските вредности на слобода и правото на сопствен избор денес се бранат надвор од границите на Европската унија и дека Црна Гора целосно го поддржува ставот на Европската унија кон руската инвазија на Украина“, се вели во соопштението.
Абазовиќ рече и дека се надева оти Украина ќе добие статус на кандидат за влез во ЕУ, а Црна Гора како лидер во преговарачкиот процес е подготвена да ја даде потребната експертска и политичка помош.
Црногорскиот премиер, во текот на телефонскиот разговор, го запознал Зеленски со бројот на украинските бегалци што ги прими Црна Гора и навел дека станува збор за два отсто од населението.
Подготви: Д.Мишев