Албанскиот премиер Еди Рама денеска соопшти дека подготвил нацрт за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство на северот на Косово, пренесе Еуроњуз.
Според Рама, планот е доставен до меѓународните партнери и се чека да биде прифатен од Приштина и Белград, и тврди дека овој план ќе ја деескалира ситуацијата и ќе ги нормализира односите на Косово со меѓународната заедница.
На Макрон и Шолц им испратив нацрт за Заедницата, а воедно го информирав и Шарл Мишел“, изјави Рама на прес-конференција.
Рама ја карактеризира Заедницата како клуч за нормализирање на односите Косово-Србија.
„Тука сум да споделам со вас еден досега непознат факт. Одамна знам дека Гордиевиот јазол ќе биде до крај Заедницата на општини со српско мнозинство и убеден сум дека ниту една од партиите не го сака тоа и ќе се потруди да го турне до бескрај со одржување на кризата. со секакви измислици. Сметам дека создавањето на Заедницат е клучот за отворање на вратата за меѓународна афирмација на Косово, и членството во Обединетите нации“, рече Рама.
Д. Т.