• Latest

Распната политика

April 27, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Распната политика

April 27, 2019 11:11
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Велигденските празници уште повеќе ја оладија предизборната атмосфера, особено во контекст на јавни настапи, собири и митинзи. Но, и она малку појавување во медиумите и на социјалните мрежи е сосема доволно за да се доловат неконзистентноста и небулозите на претседателските кандидати.

Па така претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова, ги прозва своите колеги Албанци од времето кога таа беше министер во Владата да кажат каков човек и министер била таа. ЦИВИЛ Медиа се сети на еден од нив, поранешниот министер за финансии, од истиот период, Џевдет Хајредини.

Тој во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа оваа прозивка на кандидатката за претседател ја нарече огромна грешка, наведувајќи ги сите причини поради кои таа нема право да се повика на своите колеги „Албанци“. Останатото е историја…

Во духот на Велики Петок, еден од најтешките и најтажните денови за Христијанството, Силјановска Давкова, отиде до таму што себе си се самопрогласи за маченичка, велејќи дека во моментот се чувствува како да го носи најтешкиот крст, затоа што е плукана и навредувана од сите оние на кои не им одговара демократска Македонија, каде има владеење на правото. „Помогнете ми да го однесам македонскиот крст за враќање на политиката во рамки на правото“, повика таа.

Од каде да почнеме? Од набројување на тоа кому се не му одговара владеење на правото во оваа земја? Од оние кои повеќе од 10 години го урнисуваа правниот систем во оваа држава, давајќи им легитимитет на сите криминали кои ете и денеска, две ипол години, по новата власт, се случуваат под превезот на „се е во рамките на законите“? Дали Силјановска ќе го препознае „Јуда“ во партијата која застана зад нејзината кандидатура, или, сепак, ќе ја прошета правдата со превез на очите?

Пендаровски, пак, реши својата порака на овој ден да ја упати од Марков Манастир, каде пригодно се фотографираше со своето семејство, повикувајќи на помирување, заедништво и благосостојба. И тоа е отприлика се.

Со ваква веќе сто пати видена и чуена реторика, глумење и самопрогласување за жртва или херој, сеедно, тешко дека ќе ги разбудат апатичните, резигнирани, индиферентни и разочарани граѓани…

Маја Ивановска

 

Share44Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ