Државната изборна комисија го објави распоредот на прес конференции на 4 и 5 мај, сабота и недела. Во саботата гласаат во странство, болните и немоќни лица и лица во куќен притвор, се гласа во КПУ и во старските домови. Во недела се гласа во сите изборни места низ државата.
Првата прес конференција во сабота ќе биде во 12 часот, а втората прес конференција во 20 часот. ДИК во сабота ќе излезе со информација за денот на гласање во странство, болните и немоќните, лицата во КПУ, во куќен притовор и старски домови.
Во недела ДИК ќе одржи 6 прес конференции, како што одржа и на 21 април за првиот круг. Првата прес конференција ќе се одржи во 10:30 каде ќе информира за отворање на гласачите места, текот на гласањето и излезноста. Следните се во 13:30, 15:30 и 17:30 часот. На предпоследната прес конференција во 19 часот ДИК ќе излезе со информации за излезноста до 18:30 часот, текот на гласањето, информација за техниката на пренос на резултати.
Последната прес конференција всушност ќе биде следење на првичните резултати добиени по електронски пат во живо.