• Latest

Расчистен одронот на патот на влезот на Велес

April 3, 2018

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Расчистен одронот на патот на влезот на Велес

April 3, 2018 17:20
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Целосно е расчистен одронот од карпата на влезот во Велес, на регионалниот пат Велес – Градско, кој беше таму од 13 март изутрината. Поради безбедносни причини патот ќе биде пуштен во употреба утре напладне. 

Како што информира за МИА Благоја Тевдовски, раководител во Јавното претпријатие за државни патишта, во изминатите два дена патот е целосно расчистен од карпите, но поради безбедносни причини тој ќе биде пуштен во функција утре напладне.

– Патот денеска е целосно расчистен од екипи на ГП „Гранит“ кои ги расчистуваа одроните од карпи и од карпата „Цуцка“ чии опасни делови од карпите весеа над патот. Потоа екипи на велешката Подружница на ЈП „Македонија Пат“ ги расчистуваа и собираа здробените карпи и ги носеа со камиони. Сепак од превентивни и безбедносни мерки за сите учесници во сообраќајот и граѓаните, патот ќе биде затворен до утре напладне, а за да може екипите на „Гранит“ да дотуркаа уште нешто од деловите од карпите кои се уште се опасност од паѓање на патот, појасни Тевдовски.

Изминатите 22 дена поради одронот од карпи на патот, сообраќајот се одвиваше преку автопатот Е-75. Затворениот пат претставуваше голема мака за жителите на неколкуте куќи кои живеат од другата страна на патот и вработените од Крзнарската индустрија „Димко Митрев“ и Кланицата „Агриа“.

Според препораките од професорот Милорад Јовановски од Катедрата за Геомеханика при Градежниот факултет од Скопје кој направи стручна анализа на теренот, со оваа постапка засега е спроведена првата етапа од неговите препораки. Со секундарно минирање на карпите од кои најтешката беше 25 тона, тие се раздробија и патот се расчисти.

Втората етапа за трајно решавање на проблемот која треба да уследи, според професорот Јовановски се методи кои се применуваат секаде во светот, како третирање на местото со прскав бетон и анкерисување по што зоната целосно ќе се заштити.

– Тоа е скап проект и за негова реализација потребни се доста финасиски средства, но поради овој лизгав терен и можноста од нови одрони државата треба наскоро да изнајде и пари за негово трајно решавање, потенцираат стручњаците.

[divide]

извор: МИА

Tags: ВелесОдронПат
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ