Бројот на загинатите во денешниот напад во училиште во рускиот град Ижевск се искачи на девет, меѓу кои пет деца, соопштија руските власти.
Мотивот на напаѓачот кој си го одзел животот, не е познат. Нападот се случил во главниот град на Удмуртија, регион кој се наоѓа на околу илјада километри источно од Москва.
Бројот на загинати во пукањето во училиштето број 88 во Ижевск, во руската Република Удмуртија, се искачи на 13, објави Истражниот комитет, а меѓу жртвите седум се деца.
Уште 14 деца и седум возрасни се ранети, се вели во соопштението.
– Напаѓачот се самоуби. Носел црна маица со нацистички симболи и фантомка. Немал никакви документи, во моментов се утврдува неговиот идентитет, соопшти Рускиот истражен комитет.
– Според прелиминарните податоци, извршителот бил вооружен со два воздушни пиштоли модифицирани да користат боева муниција, напиша на Телеграм Александар Хистеин, шеф на Комитетот за информативна политика на Државната дума.
Во Русија имаше неколку престрелки во училиштата во последниве години. Во мај 2021 година, вооружен тинејџер уби седум деца и двајца возрасни во Казан, оддалечен 280 километри. Во април оваа година, вооружен маж уби две деца и наставник во градинка во централниот регион Уљановск, исто така во близина на Казан и Ижевск, по што се самоуби.