Разговорите меѓу Украина и Русија ќе продолжат денеска, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на изјава на помошник на украинскиот претседател.
Вториот круг разговори се очекува да го сочинуваат истите претставници присутни на првата рунда разговори во понеделник.
„Сега е официјално. Втората рунда преговори меѓу Украина и окупаторот ќе се одржи денеска“, изјави за Си-Ен-Ен помошник на Зеленски.
Локацијата на разговорите се уште не е потврдена. Во понеделникот се одржаа разговори во Белорусија, во близина на границата меѓу Белорусија и Полска.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера, во заедничко интевју за за Ројтерс и Си-Ен-Ен, изјави дека Русија мора да престане да ги бомбардира украинските градови пред да започнат преговорите за целосен прекин на огнот, откако првата рунда разговори меѓу двете страни не успеа.