Цивил Медиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Што мислите за цените и достапноста на лековите?
Oд пораките и коментарите што пристигнаа од граѓан(к)ите може да се заклучи дека лековите постојано поскапуваат и нема кој да ги контролира аптеките и фармацевските куќи.
Ви пренесуваме дел од коментaрите на граѓан(к)ите:
-
Мајка ми не пие многу лекови, ама тие што ги пие пред 5,6 месеци кошта околу 500 денари, отогаш беа 600, па 650 прошлиот месец истите ме коштаат 850 денари, му велам ‘да не имате грешка’, гледа во компјутерот, ‘не, толку кошта’ ми вели, ама се е поскапено.
-
Прескапи се лековите и ако вака продолжи ќе станат недостапни за некои граѓани, а последиците се знае какви ќе бидат. Нешто мора да се стори, за здравје и живот се работи.
-
Башибозук со Амин на Владата! Колку им треба толкави цени си пишуваат и ги менуваат на дневна основа. Зошто па да не? Зошто инспекциите само ќе им укажувале, без казни. Треба да се полни белодворечки предизборен резервоар. Ами како!
-
Бандероли имаше на секој лек за да се контролира и квалитет и кој увезува се легално. Сега без бандероли е црн пазар па ни квалитет се контролира ни цени. Многу се краде во здравството и продолжува.
Граѓаните пишуваат и за тоа дека еден ист лек кај нас чини дупло поскапо во споредба со некоја соседна земја.
-
Што да мислиме, човек да не се разболи, невидена кражба преку цените на лековите. Лекови што одат на рецепт се два до три пати поскапи отколку во соседните држави купени без рецепт.
-
Превисоки цени, многу мала партиципација од државата… која глупост за лек од 380 денари пациентот плаќа 360 денари, а државата 20 денари.
-
Еден ист лек кој кај нас го плаќавме 360 денари, во Грција кошта 2 евра или 120 ден. Тоа нека го објаснат фармацевтските куќи.
-
Прескапи се! Многу лекови во соседните земји се дупло поефтини!
-
Зарем има лекови? Тешко нас народот што трчаме по други држави да се снајдеме.
Граѓаните велатдека ниту еден пратеник не ја отворил оваа тема, и сметаат дека лековите треба да бидат бесплатни, наместо пратениците да добиваат народни пари за патни трошоци.
-
Лековите треба да бидат бесплатни. Наместо милионските суми за патни трошоци на преварантите од Парламентот.
-
Дали е апсурд или грешка? Специјалист препишува лек, за кој матичниот лекар не смее да го препише, бидејки немало операивен захват… бива лекот ама на приватно… е сега, колку е на приватно? хххх денари… и ти го даваат лабаво за тие пари во аптека… не им треба ни оперативен ниту пак постоперативен третман… ПАРИ им требаат на грбот на најболните, најсиромасите… дали прочитавте некој пост на оваа тема од некој пратеник? Е нема ни да прочитате…
Имаше и иронични коментари дека наместо лекови со ракија и расолница треба да се лечат граѓаните.
-
Најважно е да си здрав и да не се заебаваш по аптеки. Е, сега, за да бидеш здрав, мора на секоја чашка ракија да пиеш по една кофа расолница!
Еден граѓанин вели дека високи цени на лековите ќе има се додека не се направи една државна аптека.
Д. М.