Во рамки на рубриката „Прашање на денот“, CIVIL ги праша граѓаните: Какво е водоснабдувањето во вашата општина? Одговорите беа директни, емотивни и загрижувачки – од недостаток на вода со денови, до целосно отсуство на водоводна мрежа во одредени населени места.
Во општина Студеничани, како што изјави еден граѓанин, „секојдневно нема вода скоро пола ден“. Во слична состојба е и Горно Нерези, каде, според друг коментар, „немаме водовод во 21 век“ – изјава која говори за фрапантната запоставеност на основните услуги.
Жител од друга општина сведочи дека „во текот на една година, по пет пати месечно снемува вода, а нема по 10 дена“. Друг пак иронично забележува: „Тие што не водат моментално се во Дубаи“, алудирајќи на отсуството на внимание и решенија од надлежните.
Во Луботен (општина Бутел), ситуацијата е уште поалармантна – „никогаш немало вода“, што дополнително го нагласува долгогодишниот инфраструктурен проблем. Коментарите завршуваат со зборови како „катастрофа“ и „ужас!!!!“ – што јасно ја покажува фрустрацијата кај граѓаните.
Овие сведоштва отвораат сериозни прашања за пристапот до основни човекови права и повикуваат на итна реакција од надлежните институции. CIVIL ќе продолжи да го следи овој проблем и да ги пренесува гласовите на граѓаните.
A.M.