Граѓаните со остри и шарени реакции на Facebook страницата на CIVIL откако го поставивме прашањето: Што мислите за најавата за враќање на „маалскиот полицаец“?
Една стара, добро позната идеја повторно ја отвори дебатата во јавноста – дали и како би функционирал маалскиот полицаец денес, во услови на демократски плурализам, партизирани институции и сè понамалена доверба во полицијата.
💬 „Ама да има потполно право да тепа, толку добро што децава ќе го памтат ко ние што го памтиме Борче џандарот!“ – коментира еден корисник со доза сарказам, повикувајќи на построга и поавторитетна улога.
Други пак, посочуваат на позитивното искуство од минатото, кога постоеле т.н. реонски или позорникари:
💬 „На времето ги имаше и се покажаа како многу корисни. Денес се многу потребни.“
📌 Коментарите се движат меѓу скепса и надеж. Мнозинството ги поддржуваат маалските полицајци како облик на непосредна и превентивна безбедност, но не ретко поставуваат услов:
💬 „Само да не биде предизборна активност!“
💬 „Да не ги повлечат после изборите!“
⚠️ Некои коментатори се сомневаат во ефективноста на идејата во современи услови:
💬 „Во ова лудо време, сите ќе ја напуштат работата, без разлика на платата.“
💬 „Предлогот позорникар не соодветствува на современиот начин на живот. Потребни се камери, дигитално следење – safe city концепт.“
🔵 Сепак, не изостануваат и коментари со критички, па и циничен тон:
💬 „Сто години се лаже, само калкулираат.“
💬 „Ќе се врзат со арамиите и маме ќе му ебат на маалото.“
🤝 Идејата за „маалски полицаец“ има и емоционална поддршка, како начин на градење доверба меѓу граѓаните и полицијата:
💬 „Ги познава луѓето, знае за нив, тука е да им помогне.“
✅ ШТО Е СЛЕДНО?
Реакциите покажуваат дека јавноста е подготвена да ја поддржи оваа иницијатива, но само доколку е искрена, професионална и долгорочна. Политичката злоупотреба на безбедносни иницијативи ќе предизвика дополнителен гнев и недоверба.
CIVIL ќе продолжи да ги следи и анализира реакциите на јавноста, како и имплементацијата – доколку навистина следи – на оваа стара-нова мерка во безбедносниот систем на Македонија.