• Latest

Реакција на Еко-свест за лошото управување со природните ресурси

May 18, 2020
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Реакција на Еко-свест за лошото управување со природните ресурси

May 18, 2020 19:40
in ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Владата да го стави на висок приоритет здравјето и безбедноста на граѓаните и животната средина и да го планира економскиот развој одржливо и во насока на ублажување и прилагодување кон климатските промени. Зелен економски развој нуди многу можности за економски активности кои ќе ги зачуваат природните ресурси во иднината, се вели во реакцијата на здружението „Еко-свест“, за лошото управување со природните ресурси.

Додека ЕУ го започнува одбележувањето на неделата на биодиверзитетот, од „Еко-свест“ реагираат дека нас ни се случува уништување на природните ресурси во земјава и покрај насоките и силните заложби од ЕУ за пост-ковид опоравувањето кое мора да се фокусира на зелен раст и развој и одржливо искористување на ресурсите со цел нивно зачувување и климатска акција, нашата реалност е сосема поинаква.

– Питката вода е наш богат ресурс, многу чувствителен на последиците од климатските промени. Токму затоа во моментов секоја река и поточе станува скапоцен ресурс кој мора да се чува. И покрај лошите проценки за питката вода во последните сценарија за климатски ризици на Меѓувладинот панел за климатски промени, деновиве сведочиме на последиците од изградбата на мали хидроелектрани во земјата кои предизвикуваат целосно пресушување на реките и замирање на биодиверзитетот и животот околку нив, се вели во реакцијата на „Еко-свест“.

Реката Бошавица извира кај планината Кожуф и се влева во реката Вардар кај Демиркаписката клисура, има многу притоки со кои заедно ги снабдуваат околните села со вода за пиење и наводнување. До Еко-свест пристигна информација од група граѓани дека изградената мала хидроелектрана на оваа река пресушува голем дел од речното корито и влијае на пристапот до вода на локалното население.

Стратешката оценка за Стратегијата за води на Р. Македонија изработена во 2011 година предупредува за ризиците од изградба на мали хидроелектрани во овој регион.

„Бројни регулации се изградени во спротивност со добрата практика (т.е. последната регулација на притоките на Вардар- Дошница и Бошавица во близината на Демир Капија) и предизвикуваат значителни негативни влијанија врз животната средина, како губење на врската помеѓу површинските и подземните води што се должи на губење на живеалиштата во каналот и значајни промени на ерозија и таложење на талог во околните канали како резултат на зацврстувањето на каналите, губење на заливните мочуришта и поврзаните биодиверзитети од изградбата на насипи, зголемување на влезови на фини седименти поради протоците или губење на вегетацијата на бреговите и слично.“

Но, и покрај ова, во 2014 година токму на овие две реки, се вели во соопштението од „Еко-свест“ биле одобрени две мали хидроелектрани како јавно-приватно партнерство.

– Како земја располагаме и со плодна почва, од која зависиме за безбедно снабување на населението со храна, лекција на која нè научи пандемијата. И покрај тоа, токму за време на вонредна состојба се носат судски одлуки во прилог на компанија која планира да изгради рудник над најплодната почва во нашата земја- Струмичко поле. Во комбинација со претхотните одлуки за кратење на средствата наменети за заштита на животната средина и природата, наликува дека нашата Влада не ја разбира суштината на пост-ковид обновата и „новата нормалност“ за која зборува во своите соопштенија, се вели во реакцијата на „Еко-свест“.

Затоа, од „Еко-свест“ барат од Владата да го стави на висок приоритет здравјето и безбедноста на граѓаните и животната средина и да го планира економскиот развој одржливо и во насока на ублажување и прилагодување кон климатските промени. Зелен економски развој нуди многу можности за економски активности кои ќе ги зачуваат природните ресурси во иднината.

Во пракса, посочуваат од „Еко-свест“ ова значи да се засили контролата и заштитата на граѓаните од несовесното работење на индустријата, воедно, да се засилат мерките за економско опоравување условени од примена на мерки на одржливост, енергетска ефикасност, дигитализација и циркуларна економија. Само на овој начин можеме да ги постигнеме зацртаните цели- обнова на економијата и на животната средина.

Извор МИА

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ