• Latest

Реџепи, професор во средно училиште: Онлајн наставната програма е лесна за користење

September 28, 2020

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Реџепи, професор во средно училиште: Онлајн наставната програма е лесна за користење

September 28, 2020 16:09
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ со внимание ги следи активностите поврзани со почетокот на учебната 2020/2021 година во која истата во најголем дел ќе се одвива онлајн.

За таа цел, контактиравме повеќе наставнички и наставници вклучени во образовниот процес, со прашања кои се однесуваат на тоа колку образовниот систем е подготвен за „преселбата“ на образовниот процес во виртуалниот процес.

Прв на нашите обраќања одговори Ајет Реџепи, професор во Општинското средно училиште „Дрита“ во Кичево.

На прашањето за тоа дали и колку онлајн наставата може да го замени физичкото присуство на часовите во училиштата и како ќе влијае на учениците, професорот Реџепи вели дека во време на пандемија и  неизвесноста околу здравствената ситуација во земјава, онлајн наставата е нужно зло и дека не смее да се дозволи губење на неколку месеци, а во полош случај и година само поради овој факт.

„Учениците веќе имаат искуство со онлајн настава во последното тромесечие мината учебна година. Можеби недоволната организираност и неунифицираност тогаш доведе до скептичност. Меѓутоа овој пат се работи за целосно унифицирана платформа. Која ги задоволува сите аспекти на образовниот процес и лично мислам дека учениците многу брзо ќе привикнат на неа и дека платформата ќе ги даде очекуваните резултати“, додава тој.

Ајет Реџепи, наставник во ОСУ „Дрита“

Реџепи смета дека имплементацијата на стратегијата за онлајн наставата оди по зацртаното темпо и дека сите нивоа на обука, почнувајќи од обуката на 30 национални обучувачи, па се до обуката на вработените во училиштата поминала во најдобар ред. Според него, повратните информации се позитивни.

„Јасно е дека не секој на ист начин ги прифаќа новините. Меѓутоа сигурен сум дека за кратко време сите корисници ќе се уверат дека се работи за нешто што ќе биде придобивка за сите учесници во образовниот процес“, истакнува Реџепи.

Во однос на досегашното искуство со онлајн наставата и за тоа каков е односот меѓу учениците и професорите, Реџепи вели дека сите наставници и професори имале одредено искуство во последниот дел од минатата учебна година и дека иако платформата е за повеќето новитет, сепак таа овозможува имплементација на досегашното искуство стекнато и на други платформи.

„Што се однесува до односот меѓу наставниците/професорите и учениците сепак се работи за чувствителна тема. Во најголем број на случаи тука во предвид доаѓа индивидуалниот пристап на наставникот или професорот. Тоа што е многу битно околу платформата е фактот што таа за разлика од повеќето начини употребувани за настава на далечина минатата учебна година овозможува интерактивнот со учениците користејќи видео конференциски врски, можност за непречено и лесно споделување на материјалите итн.“, додава Реџепи.

Министерството за образование и наука ја подготви Националната платформа за далечинско учење, за која Реџепи смета дека е долгоочекуван и многу потребен новитет и дека таквите платформи се користат во речиси сите образовни институции во светот.

„Големината на оваа платформа е што кај нас таа ќе биде заедничка за сите основни и средни училишта. Што значи околу 270 000 корисници сметајќи ги сите ученици и вработени. Очекувањата се големи, но истовремено постои и одреден страв кај новите корисници. Можно е поради обемноста на сево ова да има на почеток одредени потешкотии од технички аспект, но сето тоа ќе се решава брзо и во од. Сепак мислам дека многу повеќе треба тема на дискусија да бидат продобивките од платформата, а се помалку стравот и скептичноста од имплементација на овој и ваков проект. Платформата како таква ќе се применува уште долго без оглед на ситуацијата и можноста за физичко присуство на учениците. Така да придобивките ќе бидат далекусежни. Мислам дека за месец до два сите до толку ќе привикнеме на неа што ќе ни биде многу тешко да работиме без неа дури и ако продолжиме со настава со физичко присусво“, смета професорот Реџепи.
ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните да ги споделат своите искуства и препораки за подобар образовен процес во нашата земја.
Ангела Петровска 
Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ