• Latest

Референдумот на Русија во Украина е нелегален и нема да биде признаен од светот, кои може да бидат последиците?

September 28, 2022
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Спектакуларен успех на големиот магионичар Мицко – направи да ги снема македонскиот јазик и идентитет

July 4, 2025
Владата ја прекинa постапката за разрешување на државниот јавен обвинител, Љубомир Коцевски

Коцевски: Завршени вештачењата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани и за Онкологија

July 4, 2025
Христијан Мицкоски, 2022 (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Мицкоски размислува да ја реши демографската криза со воведување даноци за немажени и неженети лица

July 4, 2025
Фото: скриншот Х

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 4, 2025

Прв Самит ЕУ-Молдавија: Членство во Унијата и финансиска поддршка пред парламентарните избори во Молдавија

July 4, 2025
фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Реален поткуп со државни пари – буџетот станува изборна алатка

July 4, 2025

Кјучук: Негирањето на геноцидот во Сребреница не смее да се толерира во ниту една демократија

July 4, 2025

Владата со препораки за заштита од топлотниот бран: Ослободување од работa бремени жени и лица постари од 60 години

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Референдумот на Русија во Украина е нелегален и нема да биде признаен од светот, кои може да бидат последиците?

September 28, 2022 15:13
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕРОНИКА ЛУТСКА

Русија организира псевдо-референдуми во делови од Донецката, Луганската, Херсонската и Запорижската област за илегално да ги заземе тие територии. Ниту Украина ниту меѓународната заедница никогаш нема да ги признаат нивните резултати. Но, тоа е сепак опасен развој на настани што треба нашироко да се осуди.

Лажното изразување на народната волја на привремено окупираните територии на Украина беше најавено за 23-27 септември. И иако гласачките ливчиња беа веќе подготвени однапред, Русија ги принуди луѓето да учествуваат во создавањето на слика за пропаганда. Луѓето ги запираат на улиците и ги посетуваат дома или на работното место.

Како се одржуваат псевдореферендумите?

Сергиј Гајдај, началник на регионалната воена управа на Луганск, извести дека на луѓето им се кажува да ги пополнат „гласачките ливчиња“ во кујните или дворовите на нивните станови. Членовите на таканаречените „изборни комисии“ беа придружувани од вооружени лица – и земаа белешки доколку некој го стави својот глас на „не“.

Во градот Старобилск, Луганската област, окупаторите им забранија на жителите да го напуштат градот на датумите на псевдореферендумот. А во Мариупол луѓето беа принудени да гласаат под закана дека ќе ја загубат работата, изјави Петро Андрјушенко, советник на Градоначалникот на Мариупол.

Во градот Енергодар, Запорижската област, вооружени руски војници вршат посети од врата до врата за да натераат повеќе луѓе да гласаат на лажни референдуми, изјави Дмитро Орлов, Градоначалник на Енергодар. А во Мелитопол граѓаните беа принудени да гласаат за членовите на нивните семејства и соседите, кои веќе го напуштиле градот, рече Градоначалникот Иван Федоров.

Покрај лажните референдуми, се издаваат руски пасоши во привремено окупираните делови на Украина. Во многу случаи, луѓето се оставени без опции: тие се принудени да прифатат руско државјанство бидејќи окупаторите ја блокираа украинската хуманитарна помош и социјалниот додаток. Ова ѝ дава на Русија проверени лични податоци од жителите кои ѝ се потребни за организирање на референдум.

А тоа е само поглед во тоа како се одржуваат руските псевдореферендуми. Тие немаат никаква врска со изразувањето на волјата на украинскиот народ. И по целиот ужас на руската окупација што светот го виде во Буча или Изјум, невозможно е да се поверува дека имаат каква било врска со тоа.

Така, многу Украинци наоѓаат друг начин да ја изразат својата волја. Во многу градови, особено во Херсон, луѓето се собираат да протестираат против окупацијата: мирни цивили пред вооружените руски војници. Дури и во состојба на терор создадена од руските сили, на привремено окупираните територии сè уште се случуваат акти на граѓанска непослушност и партизанска саботажа.

Зошто ѝ се потребни на Русија тие референдуми?

Русија користи псевдореферендуми како залуден обид да ги легитимира своите претензии кон привремено окупираните територии. Оваа тактика не е нова: во 2014 година се одржа „референдум за статусот на Крим“ под контрола на многу вооружени руски војници. Илегални референдуми „за одвојување од Украина“ беа одржани и во делови од Донецката и Луганската област.

Повеќе лажни референдуми се подготвуваа уште од пролетта 2022 година, но тие постојано беа одложувани. Сега Русија ги спроведува тие планови на дело откако Украина спроведе успешна контраофанзива и го ослободи поголемиот дел од Харкивската област, каде што референдумот првично беше планиран.

Ситуацијата не изгледа добро за Русија: војната од големи размери наместо 15 дена трае веќе седум месеци, загинаа повеќе од 50 илјади руски војници, а Украина презема иницијатива на бојното поле. Иако целиот свет ги смета за нелегитимни, референдумите може да бидат користени во руската пропаганда за да се покаже некаков напредок и да се оправда мобилизацијата објавена на 21 септември.

Какви ќе бидат последиците?

Володимир Зеленски изјави дека би било невозможно да се продолжат какви било дипломатски преговори со Владимир Путин доколку Русија одлучи да продолжи со лажни референдуми и да ги објави нивните „резултати“.

Лажните руски референдуми на украинските територии нема да имаат правно дејство. Украина и меѓународната заедница нема да ги признаат резултатите од нив. Покрај тоа, лицата вклучени во организацијата и одржувањето на псевдореферендуми ќе бидат подложени на кривична постапка и ќе бидат изведени пред лицето на правдата од страна на украинските власти.

Меѓутоа, руската пропаганда ќе го шири наративот за заштита на наводно нови „руски“ територии и „руски“ граѓани. Може да се користи за објаснување на мобилизацијата, понатамошна воена ескалација, па дури и за зголемување на нуклеарните закани на Русија.

Повеќе од еднаш, Владимир Путин рече дека е подготвен да ги „искористи сите средства“, алудирајќи на нуклеарно оружје, доколку е загрозен територијалниот интегритет на Русија. Она што Русија го гледа како своја територија е далеку од меѓународно признатите граници до 2014 година, но сега, по псевдореферендумите, може дури и да се влоши.

Меѓутоа, тоа нема да ја спречи контраофанзивата на Украина. Украина има целосно право да ги ослободи своите привремено окупирани територии и ќе продолжи да го прави истото.

Што може да се направи?

Украина ги повикува сите држави и меѓународни организации да ги осудат псевдореферендумите на Русија, да воведат дополнителни санкции и да ја зголемат поддршката за Украина, вклучително и воената помош. Русија треба да биде признаена како терористичка држава.

Лидерите на Г7 веќе ги осудија лажните референдуми во Русија. „Ние никогаш нема да ги признаеме овие референдуми кои се чини дека се чекор кон руска анексија и никогаш нема да ја признаеме наводната анексија доколку тоа се случи“, се вели во заедничката изјава. НАТО исто така ги осуди и руските референдуми. Организацијата изјави дека тие „немаат легитимитет и ќе бидат грубо кршење на Повелбата на ОН“.

Нелегалните руски референдуми во Украина, од 2014 година до денес, немаат моќ да менувааат граници. Украина ќе ги ослободи сите украински градови и села и ќе го врати мирот на сите нејзини територии.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ