• Latest

„Реформ“ кампања

May 3, 2019

AНБ и АР го следеле Мицкоски додека бил во опозиција – известено е ОЈО

September 2, 2025
Скриншот од видео на CGTN

Полска ги започна најголемите воени маневри „Железниот бранител-25“, паралелно со руско-белоруските вежби „Запад-2025“ 

September 2, 2025

Белгија најави признавање на палестинската држава и санкции против Израел

September 2, 2025
Фотографија: Платформа Х

Шок бомби и интервенција на полицијата на комеморативната прошетка во Нови Сад за одбележување 10 месеци од трагедијата на железничката станица

September 2, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Талибанците бараат странска помош откако смртоносниот земјотрес во Авганистан однесе повеќе од 900 жртви

September 2, 2025
Фото: Скриншот од видео на TIMES NOW

Најмалку 1.000 загинати во лизгање на земјиштето во Судан

September 2, 2025

ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

September 2, 2025
Фото; СДСМ/ Фејсбук

Македонски блок 2025: СДСМ со критика кон владините политики за реставрација на авторитарни модели и во одбрана на европската иднина

September 1, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ/Фејсбук

Македонски блок 2025: Наративот на ВМРО-ДПМНЕ за „национален проект за обнова на Македонија“ присутен во сите сегменти на политичката кампања

September 1, 2025

24 ЧАСА: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – вечен судир на наративи; Судири со полицијата во Нови Сад; Убиен портпаролот на Хамас; Една година ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

September 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Реформ“ кампања

May 3, 2019 23:19
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дехран Муратов

Завршува изборната кампања која изминативе неколку недели изобилуваше со говори на митинзите за разно-разни реформи. Претседателските кандидати Стево Пендаровски на СДСМ и коалиционите партнери и Гордана Силјановска Двакова на ВМРО-ДПМНЕ, имаа повеќе од доволно време и пари да се обидат ги убедат граѓан(к)ите да гласаат за нив, односно за нивните реформи што ќе ги воведат кога еден од нив ќе победи.

Во кампањата за вториот круг на претседателските избори граѓан(к)ите немаа прилика да гледаат многу ТВ дебати и соочувања меѓу двата кандидата. Честите „откажувања“ од медиумско соочување често предизвикуваше сомнеж за тоа дали и колку оној што ќе победи на изборите ќе ја продолжи таа „традиција“, да не ги почитува медиумите. Меѓутоа, и медиумите имаа(т) свој удел на овие претседателски избори, односно постојано се објавуваа(т) лажни вести или црна пропаганда, особено против кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски.

Дел од Шарената револуција излезе со иницијативата #НаМегдан со намера да ги соочи двајцата претседателски кандидати со директни прашања од граѓанките и граѓаните. Пендаровски веднаш ја прифати поканата и одговори на повеќе од дваесет прашања на средбата што се одржа на 2 мај, во кафулето Мистер Џек.

Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова не излезе на мегдан, токму со оние што во текот на својата кампања цело време ги присвојуваше.

На вчерашната дебата на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, „консензуалниот“ кандидат Пендаровски ѝ подари на Силјановска Давкова, примерок од книгата на новинарот Томислав Кежаровски „Живот во кутија“, додавајќи дека новинарот Кежаровски е еден од многуте жртви на режимот на партијата која ја поддржува. Таа, пак, бледо се обидуваше да се дистанцира од неправдите што ги правеше претходната власт предводена од Никола Груевски.

„Независната“ кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во „Само вистина“ рече дека нема никакви реформи во судството, има само актерство, импровизации. Таа спомена дека деновиве слушнавме изјави од челници од Франција на оваа тема, додавајќи дека „почетокот на преговорите го нема, затоа што нема реформи“.

Таа ги повика граѓаните да гласаат за личност и рече дека „таа е роден реформатор и сѐ што допрела реформирала“, а според неа така ќе биде и овојпат.

„Според Уставот, државата е Република Северна Македонија, но јас имам право на сопствено убедување и тој термин нема да го употребувам“, вели Силјановска-Давкова.

Пендаровски поентираше дека ова не е избор на претседател на куќен совет, туку шеф на државата. Почитувањето на Уставот е највисоката обврска на еден претседател, така што, ако претседателот не го почитува, тогаш како истото го очекувате од другите граѓани.

Навистина, не само нејзиниот противкандидат, туку и обичните граѓан(к)и истото се прашуваат – како Силјановска ќе биде претседател на државата чие име не го признава? За какви реформи зборува?

Тројца членови на партијата Левица изјавиле дека партијата ѝ даваат челосна подршка на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ. Другиот дел од партијата Левица излегоа со демант дека не ја подржуваат Силјановска-Давкова.

Интересно е тоа што дел од членовите на квази-левичарска партија ѝ даваат поддршка на десничарска партија. Во исчекување сме да видиме дали оние 1.200.000 гласачи што не гласаа на Референдумот за промена на името, „благодарение“ на кампањата за бојкотот на левичарите, (нели така се фалеле), сега дали ќе излезат да гласаат за Силјановска?

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од трибината во Скопје рече дека ДУИ има од 100 до 150 илјади гласачи и дека е сигурен оти сите до еден ја разбрале идејата и дека ќе му дадат поддршка на консензуалниот кандидат за претседател на државата, Стево Пендаровски. Да ве потсетам, додаде тој, дека и спикерот на парламентот, Талат Џафери, беше изгласан консензуално, го гласаа и Албанци, и Македонци и други. Тој концепт, почна да се применува институционално почнувајќи од парламентот.

Ахмети рече дека Албанците сонуваат претседателот на државата да биде Албанец и рече дека не е невозможно тоа да се оствари.

„Ве уверувам дека таа идеја еден ден ќе биде реалност и затоа ние сега во овој момент треба да го поддржиме Стево Пендаровски и да бидеме свесни дека не е невозможно еден ден Албанец да биде претседател на државата“, рече Ахмети.

Шуќур, конечно ДУИ со име и презиме го споменаа претседателскиот кандидат на кој декларативно му дадоа поддршка. Но, дали навистина ќе има 100 до 150 илјади гласови од ДУИ, ќе се знае во недела, по 19 часот.

Кандидатите за претседател Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова денеска се сретнаа со претставници на ромската заедница во организација на иницијативата „Аваја“, пришто Пендаровски вети дека, ако стане претседател на државата, во неговиот кабинет ќе има и претставник од ромската заедница.

Пендаровски тврди дека, доколку победи Силјановска, бегалецот Груевски веднаш, а најмногу за две недели ќе се врати во државата. Односно, гласот за Силјановска значи спас за Груевски. Добро ќе беше граѓаните да слушнат што ќе направи Пендаровски ако победи, дали Груевски и останатите кои побегнаа од правдата во Северна Македонија ќе се вратат да си ја отслужат казната?

Никола Димитров, на последниот митинг на СДСМ во Битола истакна дека слоганот на противкандидатката на Пендаровски „правда“, всушност, значи да не ги стигне правдата претставниците на нејзината десничарска партија.

Премиерот Зоран Заев на трибината во Битола ја праша кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова: Каде беше 11 години да искоментира нешто, кога беше лелек и плач, кога беше режим, кога граѓаните шепотеа?

„Ја гледам овие денови постојано ставови менува. Името ќе го враќала, не знае што ќе прави со Преспански договор. Не се чудам ако застане на трибина и рече ‘Заедно напред, за број 3 – за Стево Пендаровски’. Се е можно“, рече Заев.

На Светскиот ден на слободата на медиумите, се прославија медиумите што и досега ги гледавме како пласираат говор на омраза и лажни вести. Колегата Арбен Зеќири, во својот текст Лажни вести „Made in Rusia“, открива: „Порталот „Инфомакс“ кој „оперира“ на македонско тло, познат по своите контроверзни содржини и лажни вести, денеска објави вест каде што се претендира дека „свиркач“ на нивна адреса испратил СМС комуникација меѓу членови на штабот на Стево Пендаровски, според кој, наводно, се координираат акции за крадење гласови на изборите на 5 мај. Веста не содржи извори или други убедливи аргументи, својствени на професионална медиумска содржина, туку две слики кои креираат впечаток на хакерски содржини што можат да излажат само наивни и неупатени во основите на електронската комуникација. Што е уште поинтересно, лесно се утврдува дека истата содржина е координирана со еден прилично сомнителен портал, под називот Мина Репорт (www.minareport.com)…“

За неколку часа настапува изборен молк. Граѓан(к)ите до недела (со исклучок на болните и изнемоштени лица и осудениците кои ќе гласат во сабота) ќе имаат можност да размислат и да проценат за кого ќе го дадат својот глас.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Share75Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Си Џингпин распосла црвен тепих за Путин и Моди, додека самитот е во сенка на трговските војни со САД

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Обвинет таткото-насилник кој тепаше малолетни играчи; како ВМРО-ДПМНЕ ја разбира статистиката – експлозивна изјава на Бранимир Јовановиќ; алармантен рекорд на насилството врз новинарите во Србија; оружје за 825 милиони долари од САД за Украина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ