• Latest

Реформите во јавната администрација заглавија во законски измени

July 5, 2022
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Реформите во јавната администрација заглавија во законски измени

July 5, 2022 11:04
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Законите што ја регулираат работата на јавната администрација се коригираат со години и сè уште се предмет на делумни измени, дополнувања или целосни промени. Овие унапредувања на законските решенија одат побавно од очекуваното, се наведува во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во јавната администрација, пишува Вистиномер. Самиот факт што толку долго се носат и никако да се донесат новите закони за административни службеници, за вработените во јавниот сектор, за висока раководна служба, како и доцнењето со реорганизацијата на државната управа, потврдуваат дека можеби основниот проблем е во политичката волја, вели експертот за јавна администрација м-р Јулијана Караи, виш истражувач при Институтот за европски политики.

„Трома, непрофесионална, исполитизирана, место за вдомување на партиски кадри и симпатизери“, ова се критиките кои најчесто се упатуваат на адреса на јавната администрација. Заложбите, пак, за изградба на вистинска и професионална јавна служба, која ќе биде сервис на граѓаните, а не на власта, досега се покажаа само декларативни.

Неопходноста од реорганизација и трансформација на институциите во државната управа и јавната администрација е забележана во речиси сите досегашни извештаи на ЕУ. Последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на државта на патот кон ЕУ,  констатира дека „Северна Македонија е умерено подготвена во однос на реформата на јавната администрација“, при што се нотира дека е постигнат „одреден напредок“ во оваа сфера. Во овој документ на ЕК како нужност се посочува донесување на нови законски решенија со кои би се подобрила организацијата и функционирањето на јавниот сектор. Па во таа смисла се укажува дека:

Во наредниот период земјата особено треба:

  • Да ги донесе и да ги спроведе ревидираниот Закон за административни службеници, Законот за вработените во јавните служби и Законот за висока раководна служба;
  • Да го донесе и спроведе Законот за организација и работа на органите на државната управа и други поврзани закони во согласност со препораките за новата организација на органите на државната управа;
  • Да обезбеди целосно спроведување на Законот за општа управна постапка.

Но, какви се состојбите сега? Што се случува и дали им некаков прогрес во изминатиот период од речиси девет месеци по објавувањето на Извештајот на ЕК (октомври 2021)?

За тоа како тече процесот на  реформите во јавната администрација, м-р Јулијана Караи, виш истражувач при Институтот за европски политики, експерт за јавна администрација, укажува дека е многу важно да се стави акцент на решавање на проблемите во оваа сфера кои најдиректно ги засегаат граѓаните.

Би ги нагласила проблемите во реформата кои директно ги чувствуваат граѓаните и кои доколку се спроведат значително би им го подобриле квалитетот на животот. Притоа мислам на неефикасноста на администрацијата, квантитет наспроти квалитет на службениците во јавната администрација, неспроведување на процесот на дигитализација на секое можно ниво. Истите се недвосмислено истакнати и во Извештајот на „Метаморфозис“ за  реформа на администрацијата, вели Караи.

Причината за овие проблеми, таа не ја гледа во немањето средства за спроведување, туку во немање вистинска политичка волја за нивно надминување.

Впрочем и самиот факт што толку долго се носат и никако да се донесат новите закони за административни службеници, за вработените во јавниот сектор, за висока раководна служба, како и доцнењето со реорганизацијата на државната управа, потврдуваат дека можеби основниот проблем е во политичката волја, нагласува Караи.

Со години се менуваат клучните закони за администрацијата

Законите што ја регулираат работата на јавната администрацијата се коригираат со години и сè уште се предмет на делумни измени, дополнувања или целосни промени. Овие унапредувања на законските решенија одат побавно од очекуваното, се наведува во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во јавната администрација насловен како: „Администрирањето“ со администрацијата – клучен предуслов за реформите, во кој се прави пресек на состојбата со реформскиот процес од 2021 година, заклучно со 31 март 2022 година.

Законот за административни службеници (ЗАС), Законот за вработени во јавен сектор (ЗВЈС) и нацрт законот за високата раководна служба (ЗВРС) се клучните законски решенија за работата на администрацијата. Првите два се донесени уште во 2014 година, а третиот закон никогаш не бил доставен до Собранието, иако идејата за негово развивање се појави уште во 2019 година. Станува збор за законски решенија што треба да овозможат професионализација на администрацијата, подобар интегритет и заштита од корупција и непотизам, деполитизација на администрацијата и воведување, т.е. зацвртстување на мерит системот како основно начело за вработување и напредување во јавната служба.

Во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во јавната администрација, како проблем во законската рамка  се детектира и  усогласувањето/измените на над 200 закони за да се овозможи процесот на давањето на е-услугите на граѓаните, но и да се забрза процесот на дигитализација на администрацијата.

Овој документ, исто така, посочува дека  eфикасноста и отчетноста на администрацијата и натаму остануваат слаба страна на јавната администрација. Во досегашните законски решенија се вградени модели за мерење на ефикасноста, но тоа се спроведува само формално. Отчетноста, пак, како проблем треба да се реши со реорганизација на органите на државната управа, за што е неопходно донесување на нов Закон за организација на работата на органите на државната управа (ЗОРОДУ), кој последен пат бил сменет во 2019 година.

извор: МЕТА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ