• Latest

Регионална соработка и поголема ЕУ-поддршка за модернизација на АД Пошта и поквалитетни услуги за граѓаните

January 23, 2021

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мирни локални избори засенети од висока политичка поларизација, висок број неважечки ливчиња, прекршување на молкот и говор на омраза

October 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Приливот на храна во Газа е сè уште далеку под целите, посочуваат од Светската програма за храна

October 21, 2025

Според меѓународните набљудувачи, локалните избори беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација

October 21, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Владата наложи вонредна инспекција во Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ поради кризата со отпадот

October 21, 2025

Европскиот парламент со резолуција за Србија: Растечка репресија, кинеско влијание и најголеми демонстрации во последните децении

October 21, 2025

Македонски туристи во Кина принудени да го тргнат македонското државно знаме

October 21, 2025
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

October 21, 2025
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
Скриншот од видео на The Hill

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Моментот кога Санае Такаичи ќе победи на Долниот дом на Јапонија. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Санае Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Регионална соработка и поголема ЕУ-поддршка за модернизација на АД Пошта и поквалитетни услуги за граѓаните

January 23, 2021 14:29
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на Стратегијата за подобрување на услугите и модернизација на работата на АД Пошта на Северна Македонија соопшти дека во текот на оваа недела биле остварени повеќе меѓународни средби за зајакнување на нејзината  регионална и ЕУ-соработка.

„На средбата со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, генералниот директор Јани Макрадули посочи дека досега не биле реализирани формални заеднички активности помеѓу двете национални пошти. Тој иницираше отпочнување меѓусебна соработка со цел размена на знаења, искуства, како и реализација на заеднички проекти, кои несомнено ќе водат кон подобрување и зголемување на довербата, со цел поактивно користење на поштенските услуги во двете земји“, информира Кабинетот на генерален директор на Пошта.

Како што се наведува во соопштението, меѓународниот поштенски сообраќај помеѓу Северна Македонија и Словенија, бележи зголемување за време на пандемијата предизвикана од Ковид-19 и од тие причини е неопходна поблиска соработка помеѓу националните пошти во двете земји. Тоа било заедничка констатација од средбата со амбасадорот на Словенија, Милан Предан.

„Гледаме голем потенцијал и потреба од поголемо вложување во квалитетни меѓународни поштенски услуги, бидејќи растот на бројот на пратки и писма јасно покажува колку е голема потребата на граѓаните и бизнис-заедницата во двете земји од ваква соработка. Поддршка од националната Пошта на Словенија ќе биде особено значајна и во однос на пренесување на искуствата со цел брза модернизација на технолошкиот и процесот на дигитализација на Пошта на Северна Македонија“, истакнува генералниот директор Макрадули.

На средбата со раководителот на секторот за економски прашања, владеење на правото и јавна администрација при Делегацијата на ЕК, Фрејк Јанмат, пак, биле презентирани и стратешките приоритети на Пошта за 2021 година, меѓу кои се финансиската стабилизација на компанијата, дигитализација и воведување е-трговија, спроведување на силна „зелена“, односно еко-компонента во работата на Пошта на Северна Македонија.

На средбата Макрадули посочил дека очекува од партнерите во Делегацијата на ЕУ поддршка и во делот на реконструкција на опожарената шалтер-сала која претставува архитектонската гордост на Пошта, но и на целата држава.

„Дополнително, разговаравме за можностите за европска помош во процесот на постепено преструктуирање на Пошта во еколошка компанија, која ги имплементира сите еко-стандарди во своето работење. Исто така, разговаравме и за можностите за вклучување во други проекти и TAIEX програмата во дел на поддршка на поштенските услуги“, посочи Макрадули на средбата.

Од Пошта на Северна Македонија информираат дека по завршувањето на овие две средби веќе се изготвени и писма на интерес за соработка кои ќе се испратат до националните пошти на Хрватска и Словенија.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    179 shares
    Share 72 Tweet 45
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ