Професорот Блерим Река, поддржан од двете албански опозициски партии Алијансата на Албанците и Движењето БЕСА, ги повика 80-те илјади гласачи кои го поддржаа во првиот круг од претседателските избори, на 5 мај да излезат масовно на гласање.
Тој на Фејсбук напишал дека се држи на ветувањето дека нема да се пазари со ниту еден од кандидатите, но гласањето на вториот круг го гледа како можност Албанците да се докажат како фактор за евро-атлантскиот процес.
„Ќе го повторам истото што го реков на почетокот на мојата претседателска кампања: Јас, не сум трговец со вашите гласови и нема да ве убедувам за кого ќе гласате оваа недела. Трговијата со вашите гласови е спротивно со мојот концепт за Републиката, особено со нејзиниот главен столб владеење на правото. Зошто тогаш се потребни избори, ако како досега во вториот круг за вашите гласови одлучуваат партиските лидери како обични трговци со гласовите на народот? Од моја страна, јас би ве замолил на 5 мај, да излезете масовно на гласање, за да покажеме дека сме одлучувачки фактор во Еуро-Атланскиот процес”, напишал Река.
Денеска се очекува јавно да се изјаснат и двете партии кои го поддржаа Река во првиот круг, Алијансата на Зиадин Села и БЕСА на Касами.
Арбен Зеќири