• Latest

Република Македонија е заробена држава

December 28, 2018

Вештачење од 2024: Мазутот од РКМ не загадувал, а работењето на ТЕЦ Неготино ѝ заштедило над 12 милиони евра на државата

July 25, 2026

Кијив ја мина ноќта во подземните метро станици

July 25, 2026

Напад со балистички ракети во Буча кај Кијив – 10 загинати, околу 100 повредени, агресорот потрошил 17-20 милиони долари за нападот

July 24, 2026
Волфганг Ресман, Медија дијалог, Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ)

ВОЈНА НА ТЕРОР: Д-р Волфганг Ресман за рускиот ракетен терор во Кијив

July 24, 2026
Илустрација ВИ

ЕУ го казни Гугл со рекордни 890 милиони евра поради нарушување на конкуренцијата

July 24, 2026
Фото: Фронтлајн

Унгарија отвори истрага за заемот од една милијарда евра за Северна Македонија

July 24, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Вашингтон со нова царинска офанзива, ЕУ, Кина и Канада реагираат

July 24, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Затишје што не навестува ништо добро

July 23, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Ознаката PRESS може да значи смрт

July 23, 2026

ДЗР: Општините изгубиле речиси 48 милиони евра ненаплатени даноци и такси за пет години

July 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Република Македонија е заробена држава

December 28, 2018 07:33
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

ВО ОДБРАНА НА ДЕМОКРАТИЈАТА (3)

Република Македонија е заробена држава.

Република Македонија е сѐ уште заробена држава.

Заробена е од носителите на претходно направениот криминал кои метастазирале во целокупната администрација кои, со неверојатна прилагодливост, мимикрираат во пазувите на новата власт и процеветуваат во нови коруптивни зделки и практики.

Заробена е од криминалните носители на моќ на претходната власт кои беа прифатени како легитимни соговорници и политички партнери, а голем дел од граѓаните ги прифатија долгогодишните киднапери на правото и на демократијата како ослободители, манифестирајќи ги сите симптоми на стокхолмскиот синдром.

Мирјана Најчевска

Заробена е од криминалната банда маскирана во судиски одори, од криминалната банда преправена во јавни обвинители, од криминалната банда облечена во полициски униформи, кои опстојуваат со секоја власт и за потребите на секој властодржец.

Заробена е од новопечените моќници кои сакаат да го изодат истиот пат на претходниците во нивните добро разгазени чевли.

Заробена е од незнаењето, непрофесионалноста, непотизмот, неказнивоста…

Заробена е од патријархалните марионети кои копнеат некому да му се клањаат, некому да му бакнат рака, да му измијат нозе и да бидат благословени со опрост на сите гревови.

Заробена е од национал-етничките пранги кои го врамуваат видокругот и ги впрегнуваат во колата на вечниот конфликт.

Заробена е од чувството на немоќ. Немоќ да ја истераш правдината, немоќ да го добиеш она што ти припаѓа според законот, немоќ да се заштитиш од самоволието на моќникот, немоќ да го дигнеш гласот кога некој те толчи по глава…

На Република Македонија не ѝ се потребни избори, нови политички структури, нови властодршци. Не ѝ се потребни просветени диктатори, консензуални претседатели, “добри“ опозиции. Не. Граѓаните треба да престанат свесно да избираат кој ќе ги држи во ропство во наредните две, три, четири, единаесет години.

На Република Македонија ѝ е потребно просветителско движење кое ќе обезбеди елементарно интелектуално ниво на граѓаните, потребно за да знаат што и кого избираат да управува со државата, за да знаат што бараат и зошто, за да знаат што може, а што не може да се направи, за да знаат  што е правилно, а што не е, за да знаат да разликуваат крадец од чесен човек и да препознаат кога некој лаже, а кога некој ја зборува вистината.

Македонија ќе остане заробена држава и во наредната и понаредната и попонаредната година.

Сѐ до моментот додека граѓаните не созреат, за да разберат дека тоа што некој им го вработил нивното дете, не значи дека нешто се променило и дека повеќе министри не значат повеќе права за граѓаните и дека свој човек во Собранието не значи поголемо почитување на законите и свој човек судија не значи повеќе правда, а свој човек полицаец не значи поголема заштита.

Тоа нема да се случи во наредната 2019 година.

Заради тоа и нема да ви ја честитам, туку ќе ви изразам сочувство за уште една година помината во затворот (сеедно дали ќе го наречете Македонија или северна или било каква).

 

 


Преземање на содржините објавени овде e ЦЕЛОСНО ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Илустрација: Houmam al-Sayed

Share868TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ