Владата на Република Српска одговори на иницијативата за укинување на законите со кои се забранува работата на институциите на Државата Босна и Херцеговина (БиХ) во тој ентитет дека законите може да ги укинува само институцијата што ги донела, а тоа е Народното собрание на РС, пренесуваат српските медиуми.
На 3 март, потпретседателот на Партијата за демократски напредок (ПДП) Игор Црнадак поднесе официјална иницијатива до Владата на РС за укинување на „опасните спорни закони“ кои ја бранат работата на судските и истражните институции на Босна и Херцеговина во РС.
Минатата недела, по првостепената пресуда против претседателот на РС Милорад Додик во Судот на Босна и Херцеговина, Собранието на РС усвои четири спорни закони. Меѓу нив се и неуставниот закон со кој се забранува работата на Судот и Обвинителството на БиХ, Високиот судски и обвинителски совет и Државната агенција за истраги (СИПА) и заштита на територијата на РС.
Донесени се и измени на Кривичниот законик со кои се предвидува кривично гонење на вработените во институциите на БиХ, кои живеат во РС, доколку не ги спроведат одлуките на органите на ентитетот.
Д. Т.