Владата на Република Ирска кон крајот на мај ќе спроведе референдум за абортусот, односно дали треба да се реформираат сегашните апсолутни забрани.
Во моментов во Ирска е дозволен абортус само во екстремни случаи кога животот на жената е во опасност, но не и во случаи на силување, инцест и слично.
Гласањето ќе биде главно за тоа дали треба да се разгледува членот од Уставот или треба да остане ист.
Според амандманот во ирскиот Устав кој забранува абортус, „им се дава право на живот и на неродените“, што значи дека животот на родилката се изедначува со сѐуште нероденото дете.
Прецизен датум за одржување на референдумот ќе се даде откако ќе се разговара во Парламентот на државата.
Д.М.