• Latest

Рикер: Времето за истакнување големи гестови, како и за играње со перспективите на граѓаните веќе е поминато

July 27, 2019

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Рикер: Времето за истакнување големи гестови, како и за играње со перспективите на граѓаните веќе е поминато

July 27, 2019 11:39
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Политичките чинители да не играат игри, туку да соработуваат заради иднината на земјата. Време е да се придвижат работите за доброто на државата, порача вчера вршителот на должност помошник – државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер по средбите со државниот врв и опозицијата.

Рикер оцени дека Северна Македонија се движи напред во исполнување на повеќедецениските цели – да стане членка на НАТО и да ги почне преговорите за членство во ЕУ, но за тоа, како и за граѓаните, клучно е, напомена, да се реши прашањето за законот за јавно обвинителство.

Во оваа насока високиот американски дипломат беше дециден. Очекува, како што рече, конструктивност од опозицијата и брзо завршување на процесот.

-На денешната средба со премиерот Заев ја подвлековме важноста од донесувањето на законот за јавно обвинителство. Имаме добра основа во предлогот и се радувам на неговото изгласување. Се надевам дека овој процес ќе заврши брзо заедно со опозицијата. Ова е одличен момент сите да се здружат и да го завршат процесот. Ова е нешто што граѓаните сакаат да го видат решено. Времето на задржување на ова прашање од страна на опозицијата веќе треба да заврши и се надевам дека тие ќе имаат конструктивен пристап. Како и во секоја вистинска демократија, улогата на опозицијата е клучна, но таа мора да биде и конструктивна, истакна Рикер на вчерашната заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Времето за истакнување големи гестови, како и за играње со перспективите на граѓаните, дополни, веќе е поминато.

-Мојата порака е јасна. Време е да се придвижат работите за доброто на земјата. САД сакаат да работат со сите политичките партии во Северна Македонија, но за да го направиме тоа како што кажаа претседателот Доналд Трамп и државниот секретар Мајк Помпео, мора да видиме разумни напори, а законот за СЈО мора да се придвижи. Неговото усвојување сега, ќе значи дека тоа веќе нема да биде прашање и ЕУ ќе може да ги отвори пристапните преговори наесен. За ова има силна поддршка и од сојузниците во ЕУ. Затоа ја поттикнувам опоизицијата да се придвижи за да имаме уште поблескава иднина, подвлече Рикер.

Оваа порака в.д. помошникот – државен секретар на САД му ја соопшти директно и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Имавме искрен и отворен разговор со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и со претставници на партијата во кој ги повторив истите пораки како и утрово. Се надевам на позитивен исчекор кога станува збор за владеењето на правото, СЈО и за Јавното обвинителство, бидејќи тоа е многу важно за европската перспектива на Северна Македонија, изјави Рикер по едночасовната средба со Мицкоски во седиштето на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ кусо соопштија дека Мицкоски на Рикер му го образложил законот за обвинителството што го предлага партијата.

Share85Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ