• Latest

Родителите треба да се свесни за измислените закани за интернет, за да може да ги заштитат децата од реалните опасности

October 2, 2020

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Родителите треба да се свесни за измислените закани за интернет, за да може да ги заштитат децата од реалните опасности

October 2, 2020 12:43
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Земајќи предвид дека децата поминуваат многу поголемо време на интернет од претходно, делумно и како дел на училишните обврски, потсетуваме на потребата родителите да се информираат за дезинформациите кои периодично се појавуваат во врска со ризиците поврзани со престојот онлајн.

Еден вид такви дезинформации се урбаните легенди за онлајн игри или видеа што наводно ги тераат децата да си наштетат самите на себе, модерна верзија на страшните приказни за „сектите“ како измислената „Црна Ружа“ од претходните децении.

Во април 2019 година КриТинк објави анализа за трендот повеќе домашни медиуми да  пишуваат сензационалистички за обиди за самоубиство на тинејџери од земјава и да ги поврзуваат со наводната игра „Син кит“. Проверката на изворите покажа дека се работи за дезинформации кои потекнуваат со цитирање на два шпекулативни текста објавени во Русија, што само се репродуцираат низ светот и патем се „дујат“ со нови измислени детали.

Дел од овој проблем е и појавата новинарите да подлегнуваат на сугестии примени преку социјалните мрежи и да објавуваат непотврдени ставови, иако мора да ги проверат фактите пред да пренесат вест.

Анализата на КриТинк беше изработена откако во март 2019 година, по немил настан со малолетници во Битола, низа медиуми ширеа шпекулации дека случаи на самоповредување имале врска со наводните онлајн игри. Притоа, Критинк предупредуваше и дека професионалните стандарди на новинарството наложуваат посебна внимателност при известување за самоубиства, оти сензационализмот може да доведе до нови штети на многу нивоа.

Еден од ретките исклучоци во тој период беше телевизијата 24 Вести, која наместо повторување шпекулации од социјалните мрежи, објави прилог со стручни мислења со претставници на организациите Фондацијата Метаморфозис, Интернет Хотлајн провајдер Македонија и Првата детска амбасада „Меѓаши“ кои од  различни аспекти го анализираа проблемот.

Претходно, здружението Интернет Холајн провајдер Македонија на 13 март 2019 година преку соопштение до медиумите предупреди во врска со:

…сторијаta за МОМО која беше објавена на утринската програма „Ја сакам Македонија“, која ја објави медиумска куќа ТВ Сител. Сакаме да нагласиме дека ТВ Сител, наседнале на лажна вест креирана онлајн и да ве информираме дека ликот МОМО не постои. Исто така сакаме да посочиме дека таквите вести намерно се креираат за да се створи паника и при тоа се префрли вниманитето на родителите на непостоечки закани со единствена цел: несовесните медиуми да заработат некој клик на нивните веб портали или да ја зголемат својата гледаност.

Оваа организација исто така предупреди дека, покрај новинарите, има и други лица кои имаат влијание во заедниците – меѓу кои и активисти, кои не поминале соодветна обука за ризиците онлајн и како и за начинот со нивно справивање даваат мислења кои не се втемелени на факти, туку на повторување на дезинформации од медиумите, „затоа што широката интернет заедница ја донесуваат во заблуда и даваат погрешни совети и насоки за заштита на децата онлајн“.

Како поткрепа Интернет Хотлајн провајдер Македонија тогаш пренесе превод на соопштението од нивниот партнер Центарот за побезбеден интернет на Република Бугарија од 27 август 2018 год во кое се објаснува овој вид дезинформација:

„Самоубиствените“ онлајн игри и медиумското безумие

Што е заедничко помеѓу „Син кит“, „МОМО“, „Docky Docks“ и „DELETE“? Сите четири ја возбудуваат имагинацијата на децата и малолетници, имагинација разбудена од апетите на бескрупулозните медиуми за привлекување публика и создавање паника кај нивните родители.
Три клучни зборови ги поврзуваат овие четири имиња – интернет, деца, самоубиство. И тие споделуваат две важни карактеристики:

  1. Тие се застрашувачки урбани легенди, често почнувајќи од специфичниот жаргон и начините на онлајн комуникација на современите тинејџери.
  2. Иако страшните приказни се измислени, тие навистина можат да им наштетат на психата на помалите и повеќе ранливите деца. Бидејќи откако ќе станат доволно популарни, неизбежно некои тинејџери имаат неодолива желба да ги искористат за да ги заплашат своите врсници или помладите деца.

Експертите за онлајн ризик за деца почнаа да ги користат како за овие така и за други митови, терминот juvenia (млади и параноја), како и терминот “технопаника”, кои го нагласуваат преувеличувањето на понекогаш реални, а понекогаш и непостоечки опасности за децата во дигиталниот свет. Таквите претерувања стигниваат од случаите на таканаречените „онлајн игри“ кои ги тераат децата да извршат самоубиство до целосна фикција.

Феноменот на технопаниките не е навистина нов. Таа ја придружува секоја технолошка иновација на човештвото – од електрична енергија, преку телефон, до радио и телевизија. Сепак, дигиталнита технопаника има специфична карактеристика, која значително ги зајакнува како тонењето на младите генерации во дигитални технологии и како и неподготвеноста на родителите за „дигитално родителство“. Бидејќи многу родители се срамат да разговараат со своите деца за новите технологии, верувајќи дека истите ќе се изложат на , овој дел од животот на нивните деца останува заглавен во магла и ирационални стравови. Ова ги тера да ја прифатат сосема сериозната фикција за некои онлајн игри наречени  „Син кит“ или „Момо“ каде стотици деца извршиле самоубиство, без да се мачат да проверат дали таквите игри и такви факти едноставно постојат или не.

Начинот на надминување на „технопаниката“ оди преку значајна комуникација родител-дете за теми од дигиталниот свет и неговите можности . Нема потреба родителот да биде специјалист во оваа област затоа што и неговото дете не го очекува ова од него во секој случај. Но, искрениот интерес за онлајн живот и детска забава ќе овозможи значаен разговор и детски пријателски додаток за комуникација со родителот за дигиталниот свет. И ако родителот праша дали детето ќе изврши самоубиство како резултат на една од „ужасните самоубиствени игри“, би можел да биде изненаден какво навистина неговото дете навистина е.

За појавата наречена „јувеноја“ (juvenoia = juvenile + paranoia), односно поттикнување параноја кај постарите генерации поврзана со младите на интернет, се вршат научни истражувања повеќе години. Така, уште во 2011 година Универзитетот на Њу Хемпшир објави студија насловена „Интернетот, безбедноста на младите и проблемот на ‚јувеноја’“ (The Internet, Youth Safety and the Problem of “Juvenoia”) која покажува дека тенденцијата стравовите во врска со новото да се префрла или поврзува со децата и младите и порано била присутна во историјата, a во денешно време се користи како дел од репертоарот на политичка демагогија која го искористува јазот меѓу генерациите.

Врз основа на студијата, д-р Дејвид Финкелор, директор на Центарот за истражување на злосторствата против деца, дава три главни препораки:

  1. Може да ги едуцираме децата и семејствата за опасностите кои навистина постојат на интернет без при тоа да се преувеличува опасноста и улогата на интернет како околина која го го зголемува степенот на ризик.
  2. Погенерално, потребно е да применуваме здрав скептицизам за тврдењата за тоа како многу деца се менуваат на полошо, како и дека општествените и културните промени претставуваат голем ризик за здравиот  раст и развој.
  3. Потребна ни е добра епидемиологија и други типови истражувања за да може да ги осознаеме и провериме тврдењата за влијанијата на општествените промени врз децата.

извор: Критинк

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ