• Latest

„Ромалитико“: Антициганизмот главен предизвик за подобрување на состојбата на Ромите

March 22, 2023
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Проф. д-р Пендаровски (1): Треба да се постави прашањето за политичкиот и стратешкиот легитимитет на елитите кои во моментот нѐ водат

December 3, 2025

МОН додели над 2.400 стипендии за средношколци во новата учебна година

December 3, 2025

Бизнис форум во Скопје со 200 компании, ама без премиер: Мицкоски се разболе баш кога требаше да говори на македонско-српскиот собир!

December 3, 2025
Скриншот од видео на
TVP WORLD

Русија и САД не постигнаа компромис за мировниот договор за Украина – министрите за надворешни работи на НАТО се состануваат во Брисел

December 3, 2025
Фото: Occupy Democrats/Фејсбук

Трамп ja нарече „ѓубре“ конгресменката Илхан Омар во расистичка тирада од говорницата на Белата куќа

December 3, 2025

Безбедноста мора да ѝ служи на слободата – а не да ја замени!

December 3, 2025
фото: СДСМ

Раководството и сите членови на Извршниот одбор на СДСМ поднесоа оставки по предлог на Филипче

December 2, 2025
Скриншот од видео на
CNA

Путин се сретна Виткоф во Москва откако рече дека не сака војна со Европа, но е „подготвен за борба“

December 2, 2025
Фото: Х

Руски пропагандисти циркулираат лажно видео од Тајмс Сквер со билборд за обложување на „бегство“ на Зеленски од Украина

December 2, 2025

ЕКСКЛУЗИВНО – Пендаровски за ЦИВИЛ (2): Србија не нè турка во „српскиот свет“, нашите политички гарнитури го прават тоа

December 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Ромалитико“: Антициганизмот главен предизвик за подобрување на состојбата на Ромите

March 22, 2023 12:09
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ известува дека според најновиот Годишен Извештај за состојбата со човековите права за 2022 на Стејт департментот на САД, Ромите како етничка заедница се диспропорционално најпогодени од бариерите поврзани со добивање извод од матична книга на родени.

Со привремената идентификациона исправа која се издава за лица кои прв пат се евидентираат во посебната матична книга на родени не може да се остварат основните човекови права. Дополнително, во нашата држава овие лица не добиваат матичен број, туку посебен матичен кој не е препознаен од системот. Со тоа, овие лица се изложени на дополнителна дискриминација пред институциите.

Во однос на правичната застапеност, Стејт департментот забележува дека токму Ромите се оние кои остануваат да бидат несоодветно и неправично застапени во јавната и државната администрација.

Во делот на здравство се истакнува предизвикот со незаинтересираноста на работење во ромските средини, додека во однос на образованието се забележува дека сегрегацијата кај Ромите честопати се случува поради одбивање на родителите нивните деца да учат со деца Роми. Расистичкиот пристап е присутен и во делот на домување каде се наведува примерот од Кочани кога жителите поднеле петиција до општината во однос на изградба на домување наменето за Роми. Во извештајот се нотира и дека пресудата за случајот во Битола – полициска бруталност претставува преседан за доделување затворска казна, но и дека има потреба од ефективна истрага во случаевите на полициско малтретирање на Роми.

Во извештајот, исто така, е наведено дека Ромките треба да имаат подобар пристап до семејно планирање и медицинска грижа, но и дека се бележи пад на рани бракови кај ромската заедница.

Ромалитико преку свои извештаи за состојбата на ромската заедница даде свој придонес во Годишниот извештај за состојбата со човековите права во нашата земја. Останува Владата и институциите значително да се заложат за решавање на овие клучни предизвици, особено предизвиците кои доаѓаат како резултат на антициганизмот, порачаа од организацијата.

Извор: фронтлајн.мк

Tags: РомалитикоРомиСтејт Департмент
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Ангел Ангеловски/PMD

    Пензионерите ќе останат без најавеното зголемување: Владата ја префрла вината на Уставниот суд

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Скопје вози во хаос; десничарската AfD исклучи член поради имитирање на Хитлер; Пендаровски ексклузивно за ЦИВИЛ: Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Безбедноста мора да ѝ служи на слободата – а не да ја замени!

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Македонски портали усогласено шират малициозни тврдења на руска разузнавачка служба

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ЕКСКЛУЗИВНО — Пендаровски за ЦИВИЛ (1): Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ