Четири борбени авиони беа полетаа од аеродромите во Романија преку ноќ откако беа откриени руски напади врз украинската пристанишна инфраструктура на Дунав.
Во соопштението на романското Министерство за национална одбрана се вели дека во 0:17 часот наутро, два борбени авиони Ф-16 полетале од воздухопловната база Фетешти во согласност со процедурите за воздушна полиција.
Подоцна, во 2:45 часот наутро, два германски авиони Еурофајтер полетале од воздухопловната база Михаил Когалничеану за да го следат и обезбедат безбедноста на романскиот воздушен простор.
Командантите на операцијата имале дозвола да отворат оган врз воздушни цели доколку тие влегуваат во романскиот воздушен простор и ја загрозуваат безбедноста на граѓаните, се вели во соопштението, додавајќи дека не е регистриран влез во националниот простор на Романија и не се пронајдени остатоци на романска територија.
Министерството за одбрана во Букурешт уште еднаш ги осуди нападите на Руската Федерација врз украинската цивилна инфраструктура, нарекувајќи го тоа сериозно кршење на меѓународното право и закана за регионалната безбедност, пренесе МИА.











			
