• Latest

Ромите со отворено писмо до Заев и до ромските претставници во власта

June 15, 2017
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ромите со отворено писмо до Заев и до ромските претставници во власта

June 15, 2017 13:11
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ромски невладини огранизации и поединци, активисти и интелектуалци, преку отворено писмо до премиерот Зоран Заев го изразија нивното незадоволство, затоа што меѓу предложените заменици-министри нема ниту еден припадник на ромската заедница.

„Сметаме дека ваквата одлука директно ја доведува во прашање заложбата на оваа Влада, за интеграција на ромската заедница во општеството и можноста – Ромите директно да учествуваат во одлучувачките процеси и да придонесуваат во развојот на демократијата во нашата земја. Бараме претседателот на Владата да ја преиспита својата одлука во однос на распределбата на функциите во државата. Се надеваме дека во плановите за инклузија на Ромите во општеството и во јавните институции, се предвидува назначување на Ром(к)и на раководни функции во државните институции кои се од витално значење за унапредување на положбата на Ромите“, се вели во отвореното писмо, што досега го потпишаа стотина Роми.

„Во однос на формирање на новата Влада, односно, извршната власт, сметам дека ромската популација не е доволно застапена. Имајќи ја предвид состојбата со ромската популација во Република Македонија, сметам дека треба повеќе да партиципираме во извршната власт, а и општо, во донесувањето на одлуки што ќе бидат значајни за успешната инклузија на Ромите во општеството. Сите сме сведоци дека нема ниту еден Ром заменик-министер, а и во едно интервју на премиерот Зоран Заев, не се спомна ромската популација, туку замениците-министри од другите народи, Албанци, Власи, Срби…“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, еден од потписниците интелектуалци д-р Ариф Пини.

Д-р Ариф Пини

„Јас, сепак, вината ја лоцирам кај слабиот политички фактор на Ромите, кој никогаш немал капацитет да ги брани ромските интереси, а од друга страна, не дозволува млади, свежи, интелектулни кадри да ја предводат политиката на Ромите. Сите сме сведоци дека треба промени, а политичарите кои досега, постојано се на сцена, сигурно самите ќе се препознаат, треба да си заминат. Во Македонија има млади Роми интелектуалци за кои сум сигурен дека имаат капацитет и соодветно би ги бранеле нашите интереси, но за да стапат на сцена, ‘старите волци’ мора да си заминат и да не им пречат да дојдат до израз. Во спротивно, ќе тапкаме во место, а нашата состојба ќе се влошува…“, дециден е д-р Пини.

Тој испрати и апел до сегашната, а и до идните власти: „Не заборавајте да ги читате меѓународните извештаи кои не спомнуваат како Роми и ги посочуваат нашите проблеми во Македонија. Властите треба да сфатиат дека и ние мора да партиципираме во градењето на нашата заедничка Македонија. Да не испадне дека утре, Ромите ќе ѝ пречат на Македонија во евроатлантските интеграции, бидејќи некој не внимавал и не се заложил за решавање и на ромското прашање“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, д-р Ариф Пини од Гостивар.

Акиф Кариман од невладината организација „Романо авази“, како еден од потписниците на писмото, вели дека до крајот на неделава, очекуваат одговор од премиерот Заев и се надеваат на средба со него. Ако тоа не се случи, имаат стратегија и ќе продолжат со притисокот во истата насока.

Акиф Кариман

„Иако оваа Влада отворено за време на кампањата искажа заложби за унапредување на состојбата на Ромите во Македонија, и поради тоа доби силна поддршка од ромската заедница, во пракса, именувањето на само еден Министер без Ресор во Владата на Република Македонија креира чувство кај Ромската заедница дека состојбата на Ромите во Република Македонија се уназадува односно влошува. Овој потег веќе предизвикува реакции кај граѓаните од ромската заедница, и ќе кулминира во пресрет на локалните избори оваа есен“, вели за ЦИВИЛ Медиа, Акиф Кариман од „Романо авази“.

Еден од потписниците, Ремзи Медик, од невладината организација „Баирска Светлина“, изјави за ЦИВИЛ Медиа дека се надева оти сепак, ќе има назначување на Роми на раководни функции во државните институции, за и на тој начин да се влијае на унапредувањето на положбата на Ромите: „Сведоци сме дека ромските претставници ги немаат ни претходните позиции на кои беа поставени од претходната власт!“.

Потписниците на отвореното писмо очекуваат дека и ромските претставници во извршната и законодавната власт, пратеникот Курто Дудуш и министерот без ресор Самка Ибраимовски, ќе реагираат на ваквата одлука и јавно ќе ги застапуваат интересите на Ромите пред институциите.

Дехран Муратов

 

Tags: Акиф Кариманактивистид-р Ариф ПиниКурто Дудушотворено писмо до Зоран ЗаевРемзи Медикромски НВОСамка Ибраимовски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ