• Latest

Румен Радев: Бугарија да изгради национален став за Северна Македонија

September 30, 2019
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Румен Радев: Бугарија да изгради национален став за Северна Македонија

September 30, 2019 13:46
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пристапувањето на Република Северна Македонија во НАТО и Европската унија е важен чекор со кој се гарантира мирот, стабилноста и одржливиот развој и просперитет на Југоисточна Европа. Бугарија отсекогаш принципиелно ја поддржуваше европската и евроатлантската перспективи на Република Северна Македонија. Да не заборавиме дека ние сме првите што ја признавме независноста на таа земја, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев.

На консултативната средба, која се одржа на иницијатива на Радев, а на која беа присутни бугарскиот премиер Бојко Борисов, вицепремиерката и шефица на дипломатијата Екатерина Захариева и министерот за одбрана Красимир Каракачанов се разгледуваа односите на Бугарија со Република Северна Македонија во контекст на евентуална одлука на ЕУ за почеток на преговори со официјално Скопје.

Со очекуваната препорака на ЕУ во октомври да започне преговори со Република Северна Македонија, учесниците на денешната средба постигнаа принципелна согласност дека е потребно итно дејствување за да се изгради национален став со јасни барања и критериуми, кои ќе ги заштитат бугарските национални интереси, истакна Радев.

– Тие барања и критериуми треба да бидат дел од рамката за преговори и треба да станат предуслов за пристапување на Република Северна Македонија во Европската унија. Бугарската влада е посветена на формулирање јасни крајни цели што треба да се постигнат пред завршувањето на преговарачкиот процес за членство на Република Северна Македонија во Европската унија. И, исто така, специфични привремени цели што треба да се решат во секоја последователна фаза на овој процес на преговарање, со јасни одредници. Таквиот став треба да се претстави пред бугарскиот парламент., за тој да биде свесен за тоа, рече Радев.

Тој додаде дека особено внимание треба да се посвети на наставните планови, учебниците, натписи во музеи и плакети, како и ставовите на јавните медиуми. Постигнување на европско добрососедство мора да биде основниот критериум за успешен процес на преговори, оцени Радев.

Бугарскиот претседател смета дека треба да бидат поставени „црвени линии“ кои ќе гарантираат дека европската интеграција на Република Северна Македонија нема да биде на сметка на употребата на бугарската историја, јазик и идентитет, пренесува БГНЕС. Тој оценува дека е потребно на самиот почеток на преговарачкиот процес отворено да бидат поставени услови, од кои ќе зависи преминувањето во следната етапа од преговарачкиот процес.

– Една таква отворена, фер и конструктивна позиција не само што ќе го заштити бугарскиот национален интерес, туку ќе биде од корист и за Европската унија, затоа што нема да дозволи внесување на меѓусоседски проблеми во европското семејство и ќе ја покаже зрелоста и одговорноста на Бугарија за стабилноста на Унијата. Исто така, ќе биде од особена корист за самата Република Северна Македонија, бидејќи јасно ќе воведе европски критериуми и одржливост на процесот на европска интеграција, рече бугарскиот претседател.

Радев информира дека на денешната средба било дискутирано и за „ер полисинг“ на воздушниот простор на Република Северна Македонија.

– Имаме принципиелна согласност дека бугарската влада ќе ги искористи сите механизми во рамките на НАТО, како и дијалог со нашите партнери, така што ќе го преземе својот дел од одговорноста и ќе се вклучиме во таквите дежурства на ротациона основа. Имаме и средства и можности да го сториме тоа… Ова ќе ја покаже конструктивната и одговорна улога на Република Бугарија на регионален и сојузнички план, заклучи бугарскиот претседател по денешната консултативна средба.

„Ер Полисинг“ е мирнодобска задача на НАТО, која вклучува користење на системот за следење на воздушниот простор и управување со системот за команда и контрола на воздухопловните сили за заштита на воздушниот простор на земјите членки на НАТО. /МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ