Пентагон верува дека Русија може да побара дополнително напредно оружје од Иран за напади врз Украина, соопштено е денеска на прес-конференција во Вашингтон.
Загрижени сме поради можноста Русија да побара дополнително напредно оружје од Иран, како што се ракети „земја-земја“, кои ќе бидат употребени во Украина, изјави денеска портпаролот на Пентагон, генерал Пет Рајдер.
Си Ен Ен претходно денеска објави дека Иран се подготвува да и испрати на Русија дополнителни 1.000 парчиња оружје, вклучувајќи балистички ракети со краток дострел и повеќе беспилотни летала камикази.
Иран и испрати беспилотни летала на Русија, а Пентагон очекува дека Москва најверојатно ќе побара уште дронови од Техеран, истакна Рајдер.
Руското барање оружје од Иран е „индикативно“ бидејќи сугерира дека двете земји „се здружени во нападите Украинците“, рече портпаролот на Пентагон.