• Latest

Русија и Западен Балкан

April 15, 2024
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Русија и Западен Балкан

April 15, 2024 22:49
in ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЉУБОМИР Д. ФРЧКОСКИ

Влегуваме во мошне критичен период на геополитичките влијанија во Западен Балкан (Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна). Тоа може критички да се проценува од две позиции: состојбата со ЕУ проширувањето (евро-атланското доцно-либерално идеолошко влијание) и истовремено влијанието на Русија (спорадично економски на Кина, посебно во контекст на Руската агресија на Украина) – источно ортодоксно авторитарно вредносно влијание.

Тие реперни точки даваат јасна слика на состојбата на регионот и за фантазмите на државите кои допрва еволуираат во некакви меѓународни субјекти под овие влијанија.

Формално состојбата со евро-атлантските интеграции е следна:

-Македонија: во НАТО, во напредната позиција на ЕУ-интеграција („лидер во регионот” што и да значи тоа, единствено ја држи „под блокада” внатрешниот про-руски конзервативен отпор кон уставните промени и внесување на Бугарите како малцинство во Преамбулата на Уставот)

-Албанија: во НАТО, во напредната позиција на ЕУ преговарање

-Србија: со идеолошки отпори кон Евро-атланската интеграција, со позиција на чекање на гео-политичка светска промена и поголемо влијание на Русија и Кина, колапс на ЕУ и Америка-НАТО и „враќање на историјата” односно исправање на сите неправди кон Србија од војните од 90-те , Косово, Босна и сл. Исклучително регресивна националистичка позиција проследена со авторитарно политичко лидерство, но и економски напредок и кинеско финансиско влијание во земјата;

-Црна Гора: во НАТО но во лимбо со ЕУ интеграцијата поради негативниот политички баланс помеѓу просрпските и црногорски про-западни политички влијанија во институциите на земјата;

-Босна и Херцеговина: нефункционална држава под постојана блокада од Република Српска и закана од сецесија, со добиен повик за отпочнување на ЕУ преговори и неизвесен исход на истиот.

-Косово: во постојан напор за пошироко меѓународно признавање но со рецентна тензија кон американските партнери и постојано обновување на инцидентите со Србија со што се компромитира процесот на Американско-Европското посредување во кризата на односите со Србија.

Активните кризни жаришта во регионот се под некаква „контрола” (Косово -Србија, Република Српска-Босна) – имено, не се во состојба да ја прелеваат кризата пошироко, но се држат отворени постојано.

Јазикот на Брисел во врска со проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е битно подобар (посебно по агресијата на Русија врз Украина), но ентузијазмот за тоа проширување на теренот опаѓа (иако е сè уште над 50 проценти позитивно). Тоа е тој парадокс на ЕУ во регионот.

Процесот на ЕУ – проширувањето се води кумулативно на два нивоа: економска помош условена со политички реформи и реформи за владеење на правото – и во тој комплот таа е клучна за суштествени демократски промени на земјите на кои се однесува, значи не само економска помош и не само притисок за политички промени.

Земјите различно реагираат на тој ЕУ „комплот” – некои го прифаќаат како корисен за нив, некои го одбиваат делејќи го и маневрирајќи (ако можат) со други партнери. Во тој процеп на политики на прифаќање -одбивање на ЕУ политиките се вовлекува економски кинескиот и посебно идеолошкиот Руски интерес и влијание.

Денес во овој критичен момент за кој зборуваме, ЕУ добива конкурент во делот на економска помош и проекти во ликот на Кина (која прифаќа давање кредити и за потполно непрофитни проекти, само заради влез во регионот и преку него во Европа). Некои од државите имаа јавни финансии потполно зависни од финансиските обврски кон кинеските кредитори (а се на „пат” кон Европската Унија?). Но на вториот план, на идеолошкото вредносно влијание се јавува засилен руски притисок и присуство.

Историски руското влијание во регионот на Балканот има долга традиција. Но после агресијата на Украина и посебно по руските проценети „успеси” таму – фокусот и самодовербата на тоа влијание станува појасен и поагресивен.

Ако претпоставуваме за „Планот А” на Русија за регионот тој би бил: по „анектирањето” на Белорусија и Украина како големи словенски нации при „Мајка Русија” (овде со терминот „анектирање” мислиме на дефакто подјармување ставање под доминантно влијание на руските интереси), регионот на Западниот Балкан или посебно словенските држави во него, треба да бидат сторени тампон зона на неутралност (со скриено или отворено руско влијание, тие тоа го нарекуваат „Рускиот свет‚‚. Србите (Вулин) пак го копираат тој израз велејќи „Српски свет” за нивните замислени територии од војните од 1990-тите) кон западните држави и нивни одбрамбени и економски асоцијации (НАТО , ЕУ). Тоа е некаква оперативна-реализација на националистичката линија на Илија Илин – Дугин – Путин во сегашната геополитика на Русија во овој дел од светот, која не е комплицирана да се разбере, но е прилично брутална во реализацијата.

Но нејсе, Русија потфрлува во реализација на тој „план А”: Војната во Украина е сè уште со неизвесен крај; Бугарија, Македонија, Албанија, Црна Гора се членки на НАТО; останатите (освен Србија која со зборовите на Путин од интервјуто за Фокс Њус Т. Карлстон, заедно со Унгарија се негови најголеми успеси во Европа) – се на некаков пат кон ЕУ.

Во таа ситуација се чини дека Русија развива „План Б”:

Руското влијание вообичаено се поврзува со десничарските, националистички партии , авторитарно и популистички водени и инспирирани од анти муслимански , исламофобни концепти; ксенофобни концепти ориентирани кон бегалците и мигрантите; анти-феминистички ,анти-ЛГБТQ+ концепти ; конзервативно фамилијарни наводно-вредности и патријархални хиерархии на машки идентитет формиран врз доминација или фантазија за доминација; подржуваат и стимулираат вмешување на православната црква или нејзини фракции во политиката врз основа на пан-славизам и пан-ортодоксност; нудат меѓународни асоцијации, под насловот на анти-нео- колонијализам, како алтернатива на ЕУ (БРИКС, помина незабележана изјавата на Рускиот амбасадор во Црна Гора дека не само НАТО туку и членството во ЕУ за Русија ќе биде третирано како закана за нивните безбедносни и национални интереси ?! Што останува после ова како избор за земјите од Западен Балкан?).

Ова руските служби го прават преку финансирање на политички партии; финансирање на невладини организации во цивилното општество кои се „борат против наметнатите ‚западни вредности на нашето здраво национално тело”; и купување за такви намени на бизнис капацитети и сопственост на земја и згради

Но убедливо најјасна и едновремено најтоксична е нивната пропагандна ориентација на користење на социјалните медиуми за создавање на општа состојба на лимбо на неизвесност, на настабилност во врска со иднината, на социјална состојба на пост-вистина каде ширење на лажни вести и лаги е редовна информативна игра и каде победник е оној кој шири повеќе такви. Целта е да се создаде индивидуална и колективна состојба на емотивна раздразливост и неверување во ништо, еден провинциски нихилизам и царување на конспиративни теории на заговор и можноста сè „да биде возможно и еднакво невозможно”. Во таа смисла и насока руските инвестиции во купување, директно или преку посредници, на телевизии, портали, весници и хакирање – е драматично сериозна закана за демократијата во младите демократии на Балканот (еден интересен пример за ваквите операции добив од бугарските колеги кои ми покажаа документ – анализа каде 72% од сите негативните написи против нормализација на Бугарско – Македонските односи денес се напишани од медиумска куќа во сопственост на некој руски олигарх !?) .

По пат овие тенденции кои ние ги чувствуваме посебно силно и драматично се и европски проблем со руското политичко вмешување. Неодамнешната политичка турнеја низ европските земји на еврокомесарката В. Јурова беше целосно посветен на таа опасност, каде беше кажано дека и цели влади (мислејќи на унгарската) служат како платформа за ширење на рускиот наратив.

Кои се критичните моменти кои можат да бидат користени од ова токсично руско влијание на земјите од Западен Балкан и што може да се очекува од самите нив во сумарна форма:

Прва опасност би била забавување на темпото на ЕУ интеграција (од причини на блокади предизвикани од про-руските елементи во земјите или од внатрешно европските баланси на силите); втора опасност е повлекување на САД од своето мултилатерално присуство на Балканот поради можната промена на надворешно-политички приоритети на новиот претседател на САД (ако се случи промена); трета опасност е атрофија и деволуција во самите кревки демократии на овие земји, најчесто со затварање на земјата од популистички, националистички и авторитарни лидерства.

Како заклучок ми доаѓа поимот на Тери Иглтон за „темна надеж” што би значело да одржиш надеж, а да не станеш (неоснован) оптимист!


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Либертас
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ