Во Белорусија ќе пристигнат околу 170 тенкови, речиси 200 борбени возила и до 100 топови и минофрлачи од Русија, изјави шефот на Одделот за меѓународна воена соработка при Министерството за одбрана на Белорусија, Валериј Ревенко, додавајќи дека ќе бидат распоредени на т.н. Регионална група на сили, воениот колектив на Белорусија и Русија.
На 10 октомври, белорускиот претседател Александар Лукашенко, го најави почетокот на формирањето на Регионалната група на сили, која ќе биде базирана на војници на белоруските вооружени сили.
Според Лукашенко, одлуката за користење на заедничката група, која е донесена за време на преговорите со рускиот претседател Владимир Путин, е предизвикана од влошувањето на ситуацијата на западните граници на Унијата.
Пристигнувањето на првите возови со руски војници во Белорусија го најави Министерството за одбрана на 15 октомври. Според Министерството за одбрана на Белорусија, вкупниот број на руски воен персонал во Регионалната група на сили ќе биде околу 9.000 војници.