Руските цели не вклучуваат соборување на актуелната влада во Украина, ова е најновото тврдење на Директорката на Одделот за информации и печат на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација Марија Захарова на брифинг, цитирана од „Интерфакс“.
„Нашите задачи не вклучуваат ниту окупација на Украина, ниту уништување на нејзината државност, ниту соборување на сегашната влада. Оваа операција не е насочена против цивилното население“, изјави Захарова.
Ова претставува голем пресврт во аргументацијата на Москва за причините на воената агресија врз Украина. Предходно, Кремљ го наведе неуспехот на украинските власти да ги почитуваат руските барања и нивното одбивање да го предадат Донбас како една од причините за нивниот напад врз Украина, додека, Владимир Путин, го нарече раководството на Украина „банда наркомани и неонацисти“, а војната „денацификација“.
Признавајќи го својот неуспех по неколкудневна војна, Русија почна да ги намалува и менува своите барања.
На 7 март, Кремљ тврдеше дека нејзината демилитаризација на Украина е при крај. „Денацификација“ веќе не се споменуваше.
Истиот ден, претседателот на Белингкат, Христо Грозев, објави дека Русија побарала од претседателот Владимир Зеленски да остане на функцијата.
Д.М.