ВЕСТ НА ДЕНОТ
Во Истанбул завршија преговорите меѓу делегациите на Украина и Русија
Руските и украинските преговарачи ги одржаа првите директни разговори за војната во Украина по повеќе од две недели во Истанбул, со присуство и на рускиот милијардер Роман Абрамович, кој беше санкциониран од Западот поради војната на Москва во Украина.
Шефот на украинската делегација во преговорите со Русија, Дејвид Арахами денеска, по завршувањето на првата рунда преговори во Истанбул, изјави дека Киев предлага да се одржат консултации со Русија за статусот на Крим во следните 15 години.
Шефот на руската делегација во преговорите со Украина по состанокот изјави дека претседателите на двете држави може да имаат средба кога ќе биде одобрен нацрт мировен договор.
Русија вети дека значително ќе ги намали военте активности во Киев, северниот град Чернигов, по најновата рунда преговори во Истанбул.
Во следните две недели Украина ќе ги продолжи преговорите со Русија, изјави украинскиот преговарач.
Украинскиот преговарач по мировните преговори со руската делегација во Истанбул изјави дека Киев сака осум држави меѓу кои и Турција да бидат гарант за почитување на мировен договор.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Во врска со Фејбук објавата на Христина Арнаудова за недобивањето средства од Град Скопје за бесплатниот летен камп за деца во социјален ризик, „Шарено лето“, Цивил, како организација за човекови права побара изјава од Арнаудова, во која таа вели:
„Видете, тие имаат секакво право да не одобрат проект. И не ги осудувам заради тоа. Како здружение сме биле одбиени многу пати од разни конкурси. Но во конкретниов случај се работи за докажан и уникатен проект кој носи многу добри резултати кај децата во социјален ризик и кај децата жртви на булинг (тоа се децата кои учествуваат на кампот) од аспект на социјализација на тие деца, рушење на предрасуди кои ги имаат, прифаќање од општеството каде често се отфрлени…“ – изјави Арнаудова.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање изјави дека украинските војници напредуваат во регионот на Киев и повторно ја заземаат територијата околу главниот град, потиснувајќи ја руската армија.
Русија се откажа од барањето Украина да биде „денацифицирана“ и е подготвена да и дозволи да се приклучи на Европската унија доколку се откаже од настојувањето за влез во НАТО, пишува денеска „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со ситуацијата.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во интервју за американската телевизија Пи-Би-Ес (ПБС) изјави дека Русија ќе посегне по нуклеарно оружје само ако нејзиното постоење е загрозено, а не поради исходот од конфликтот со Украина, пренесува МИА.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ДКСК Антикорупциска ги повика институциите да испитаат дали има прекршување на етичките кодекси во врска со патувањето на вишата обвинителка Фатиме Фетаи, министерот за правда Никола Тупанчевски и претседателот на Основниот суд во Кавадарци Лазар Нанев на средбата Италија – Македонија.
СОЦИЈАЛНА ПРАВДА Судиите едногласно на дискусијата ги искажаа нивните ставови дека тој член е неуставен и е на штета на работниците. Со член 12 се регулира дека работното време на работниците ангажирани за изградба на Коридорите „може да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината”.
ИЗВЕШТАЈ Најголемиот број на претставки до Народниот правобранител се однесуваат на заштита на правата од областа на правосудството, потоа следат претставките од областа на детските права, а на трето место се потрошувачките права, информираше денеска народниот правобранител, Насер Зибери, при презентацијата на Годишниот извештај за степенот на обезбедување почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2021 година.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Мултикултурализам, дискриминација и толеранција кај младите“, на 30 март (утре), во 13 часот во прес центарот на организацијата во Бизнис Центарот „Палома Бјанка“.
*
ЦИВИЛ на јавниот настан „Изборен систем и реформи: Препораките на ЦИВИЛ“ на (02 март 2022), ја претстави публикацијата „Изборите под канонада на дезинформации и говор на омраза“ во која се објавени извештаи, анализи, коментари на ЦИВИЛ, што произлегуваат од долгорочниот и краткорочниот мониторинг на политичките и изборните процеси.
Оваа публикација е достапна онлајн и е втора од четирите кои се однесуваат на спроведувањето на Локалните избори 2021.
*
Перо Арсовски: Всадено е во мене да се почитуваат различностите и не гледам друга солуција за посреќно и похармонично живеење
СЛОБОДНА ЗОНА

„Со моите колешки и колеги коментиравме дека веројатно називот „шарено“ бодел очи. Да беше називот на детскиот камп „Црно лето“, можеби некако и ќе поминеше низ филтерот на новата градска администрација. Детската среќа нема политичка припадност. Или, можеби има? Можеби партијата на власт на градско ниво положила заклетва пред пиштолот и камата да се грижи само за „избраните“, за „своите“. Тоа беа, отприлика, коментарите на луѓето со кои разговаравме за оваа скандалозна одлука“, пишува Џабир Дерала во колумната „Не се децата криви, госпоџо Данела“.

„Империјалната логика со која се води рускиот шеф на државата, која веќе е општо прифатена како дефиниција, го води кон некогашните поделби на трајни сфери, кои се подразбирале и кога поранешниот СССР и претходно царска Русија ја делел Европа по должина и широчина. Позната е бољшевичката поговорка дека „за судбината на Полска нема да разговараме во Варшава, туку во Берлин“ а тоа сака да го демонстрира пред камерите и Путин сега, сугерирајќи дека за иднината на статусот на Украина би разговарала со помоќните сили, секако надвор од Киев и веројатно тоа би бил основниот услов со чие исполнување би се закочиле воените дејствија на неговата армија“, пишува Љубомир Костовски во анализата „Борчовите на идните преговарачи ќе одлучуваат за мирот“.
Д. Муратов












