• Latest

Руската агентура во неуспешен атак на македонските интереси

July 9, 2019

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Руската агентура во неуспешен атак на македонските интереси

Лесно е да бидеш мангуп кога зад тебе стојат пари, моќ, медиумско-политичка и шпионска машинерија. И сега, пред да ѝ се предадеме на курирската булумента што, по налог на непријателите на македонската демократија и слобода, деновиве ќе поведат уште една валкана офанзива, добро е да ги имаме предвид поентите кои измамничкиот потфат на руските агенти го прават крајно неуспешен.

July 9, 2019 12:05
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Го преслушав внимателно разговорот меѓу руските пранкстери Вован и Лексус и премиерот Заев, кој се приклучи на листата од светски познати личности како Емануел Макрон, Борис Џонсон и низа други државници и светски познати личности. Самиот по себе, овој настан покажува (уште еднаш) дека Зоран Заев и Северна Македонија се важни за одредени моќни структури од добро познати причини.

Рускиве неранимајковци (пранк, во превод, несолена шега) не измислуваат ништо ново. Се сетив на премиерата на филмот “Yes Men” на Меѓународниот фестивал на документарниот филм во Амстердам во 2003 година. Тоа е првиот филм на Жак Сервинанд и Игор Вамос (се нарекуваат и Јес Мен), антиглобалистички активисти чија цел е да ја зајакнат јавната свест во светот за горливи социјални, еколошки и политички прашања.

Така, мета на нивните герилски и онлајн “диверзии” се големи корпорации и институции, меѓу кои е, на пример, Светската трговска организација. Едно од нивните најинтересни, често урнебесно смешни, начини на “пресметка” е преземање на идентитети на веб страници или личности, како што е еден светски познат “пранк” со Џорџ Буш. За овие глобални активисти и пионери на пранкот има и повеќе од доволно податоци на Интернет. Јес Мен се гости во стотици светски познати ТВ емисии на најпознатите телевизии во светот.

Има разлика меѓу Јес Мен дуетот и руските пранкстери. Додека Јес Мен се граѓански активисти на кои им се восхитува светот, а нивните акции предизвикуваат и сериозни промени на практики, руските пранкстери се дел од една многу поинаква операција.

Пред да им се заблагодариме на Русите што ја ставиле нашата земја, преку нашиот премиер, на листата познати и влијателни луѓе во светот, мора да се соочиме со неколку факти.

Овој разговор на руските измамници не е во целост автентичен, бидејќи на неколку клучни места се забележува техничка интервенција. Но, тоа е најмалку важно.

Овој разговор, објавен и коментиран во руските телевизии, а со познатата агилност и злоба пренесен од курирските антидемократски и криминални служби кај нас, не може никако поинаку да се толкува освен како атак на македонските стратешки интереси и определби. Истите за кои и режимот на цел глас се декларираше дека ги поддржува, а подземно работеше против нив.

Овој скандалозен и валкан атак на Кремлин врз македонските стратешки цели е само уште една потврда за сите познати и помалку познати операции што ги спроведува руската политичко-медиумска и разузнавачка машинерија низ светот и на Балканот. Познат факт е дека овој руски дует ги напаѓа само оние што му пречат на Путин.

Од друга страна, го слушаме Зоран Заев како, во приватен разговор (да не се заборави) уште еднаш, искрено ги потенцира сите свои добро познати ставови и заложби што се дел од повеќедецениските стратешките определби на Северна Македонија. Притоа, го слушаме како, да повторам, во приватен разговор, доследно ги искажува своите демократски позиции и вредности. Тој и во јавноста, а така и во разговорот со руските агенти, пардон, пранкстери, зборува за солидарноста со Велика Британија, со протерувањето на рускиот шпион и против незаконските дејствија на руските служби воопшто.

Тие што само ќе ги прочитаат курирските коментари и нема да најдат време да го преслушаат предолгиот (54 минути) аудио запис, треба да знаат дека Заев уште еднаш го потврдува своето категорично противење против промена на границите  и размена на население, велејќи дека тоа е намера на Русија да предизвика преседани во глобалната политика, со цел да предизвика нестабилност. Тој, не знаејќи со кого разговара, упорно го брани мирот на Балканот, разложно говори дека ваквата операција може да донесе само нови војни. Се залага за решение на статусот на Косово.

Заев во ниеден момент не се колеба дека Договорот со Грција е добар и дека со него ќе се надмине еден тежок тридецениски спор, а притоа ќе се сочува македонскиот идентитет, македонскиот јазик, ќе бидат признаени Македонците (ќе додадам: и Македонките) како народ. На ист начин зборува и за придобивките од Договорот со Бугарија.

Заев во разговорот е крајно позитивен. На мое големо изненадување, тој вели дека има кохабитација со Иванов и дека нема докази дека Иванов е директно поврзан со Русија и Турција, иако покажува блискост со Русија. Заев го брани правото на Иванов на сопствено мислење! Што човек ќе беше ова!

Без колебање и без ни трошка резерви, Заев ја искажува својата благодарност за поддршката на Западот за Северна Македонија и на стремежот на македонските граѓани за подобар живот, за трговија, нови инвестиции… И искрено се гордее што македонското знаме ќе се вее пред НАТО.

Македонските патриоти и христијанските верници можат да се уверат дека премиерот силно се залага МПЦ да добие автокефалност. Во разговорот откриваме и тоа дека Ципрас помагал МПЦ да добие евтокефалност.

Лесно е да бидеш мангуп кога зад тебе стојат пари, моќ, медиумско-политичка и шпионска машинерија. И сега, пред да ѝ се предадеме на курирската булумента што, по налог на непријателите на македонската демократија и слобода, деновиве ќе поведат уште една валкана офанзива, добро е да ги имаме предвид поентите кои измамничкиот потфат на руските агенти го прават крајно неуспешен. И никако да не ги заборавиме мотивите што стојат зад овој најнов атак. И да бидеме спокојни, бидејќи имаме уште еден аудио доказ дека тоа што Заев го кажува јавно, го кажува и во приватен разговор, не прифаќајќи ги провокациите.

Откако тоа ќе го направиме, можеме малку и да се насмееме на сметка на премиерот.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share668TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ