Бугарските власти прогласиле руски дипломат во амбасадата во Софија како „персона нон грата“.
„Амбасадата примила известување од бугарското министерство за надворешни работи дека еден од членовите е прогласен за „персона нон грата“. Дипломатот ќе ја напушти земјата во утврден временски рок. Руската страна го задржува правото да врати со реципрочна мерка“, се наведува во соопштението на амбасадата.
Канцеларијата на бугарскиот државен обвинител вчера соопштила дека е покрената кривична постапка против руски дипломат осомничен за шпионажа. Во исто време, случајот е суспендиран, бидејќи осомничената личност има дипломатски имунитет.












