Рускиот научник Владимир Углев, кој за Советскиот сојуз помгнал да се развие нервниот агенс Новичок, вели дека целта била да се создаде и до десетпати помоќна супстанца од нервниот агенс VX.
– Ние го направивме тоа, изјави за Би-Би-Си 71-годишниот научник.
Углев вели дека нервниот агенс е толку можен, што најверојатно поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија примиле мала доза, инаку не би преживеале.
Тој вели дека таткото и ќерката Скрипал не се првите жртви кои ги има на совест.
– Би можел да набројам уште десетина луѓе отруени со таа супстанца. Еднаш Новичок А-240 искапе на мојата десна рака. Веднаш ја ставив во хлороводородна киселина и ја измив со пероксидом, појасни Углев, кој разботел во државна лабораторија во Саратовската област во југозападна Русија.
Тој, исто така, истакна дека доказ дека Русија стои зад нападот може да биде само тубата со отровот, доколку биде пронајдена.
Извор: МИА