Деструктивната војна на Руската Федерација против обичните граѓани и големите градови во Украина продолжува, објави Михаило Подолијак, советник на шефот на Кабинетот на украинскиот претседател, на Твитер, коментирајќи за серијата нови експлозии во украинските градови, пренесува Укринформ.
„Украинските големи градови повторно се подложени на разорни удари. Првите експлозии се случија во Луцк при што беа затворени две котлари. Ивано-Франковск – три силни експлозии. На удар е и Днипро. Руската деструктивна војна против цивилите и големите градови на Украина продолжува“, напиша тој.
Како што е соопштено од Државната служба за вонредни состојби, утринава градот Днипро бил под силен ракетен оган. Најмалку едно лице е убиено. Неколку експлозии се слушнале и во градот Луцк и Ивано-Франковск.
Пријавени се три воздушни напади околу 06:10 часот во областа Новокадатски во Днепро. Проектилите погодиле градинка, станбена зграда и двокатна фабрика за чевли.
Спасувачите работат на местото на настанот обидувајќи се да го изгаснат пожарот.
Рано утрото на 11 март се слушнаа неколку експлозии во градот Луцк, објави на Фејсбук градоначалникот на Луцк Ихор Полишчук.
„Се слушнаа експлозии во близина на аеродромот. Сите одете во засолништа за бомби! Не објавувајте никакви фотографии, адреси и локации! напиша градоначалникот.
Д.М.