Руските окупатори убиле тројца цивили и повредиле уште 13 во регионот на Доњецк во изминатиот ден, 14 август, пренесува Укринформ.
„На 14 август Русите убија тројца цивили во регионот на Доњецк: во Бахмут, Соледар и Маринка. Уште тринаесет лица беа повредени“, објави на Телеграм Павло Кириленко, шеф на регионалната воена управа на Доњецк.
Од 14 август, невозможно е да се утврди точниот број на жртви во Мариупол и Волноваха.
Како што е соопштено, руските војници на 13 август убиле двајца жители на регионот Доњецк и повредиле уште десет.
Подготви: Д.Мишев